ДОБРО УТРО од Аматерката со истата желба

Добро утро

пишyвa д-p. Aмaтepкaтa, вoнpeдeн пpoфecop нa eдeн фaкyлтeт

ЖЕЛБАТА ИСТА И ОВАА ГОДИНА – МАКЕДОНИЈА НОРМАЛНА ДРЖАВА

Македонскиве содијал демократи очигледно имале проблем, не кај целите туку кај механизмите и постапките со коишто треба да ги постигнат тие цели.

Можеби Бранко Црвенковски не беше ниту од далеку личност која и донесе на Македонија економски развој и напредок напротив негова најголема дамка остана македонската приватизација. Но сепак Бранко Црвенковски беше неприкосновен махер во двроските игри, за разлика од него Зоран Заев е чиста спротивност.

Отиде Заев на преговори со Грците му дадоа име Република Илинденска Македонија за севкупна употреба, радосно го презентираше ова име на лидерската средба со која широко ќе ни се отворат вратите кон ЕУ и НАТО, и така не помина ниту еден сааат и доби студен туш од Грција. Го одбија предлогот Република Илинденска Македонија, но му се заблагодарија што се согласил да го промени ставот на сите досегашни македонски политичари и да се согласи за ерга омнес. И сега само уште името да сме го договориле. Така бидна Северна, а политичкиот „ќар“ од промена на името, члеството во НАТО отиде кај Шеќеринска. „ Зијанот“ го собра Заев.

Ама махерот и ова го смислил до најситниот детал. Го остави да се изгори со „најжешките костени“,  ги изменаџира локалните избори и го испрати во полигичка пензија. „ЖИВОТ ЗА СИТЕ“ се претвори во  уште една изгубена надеж. „ МОЖЕМЕ УШТЕ ПОДОБРО“  остана во сеќавањето на граѓаните како шега, а „НАЈДОБРОТО “ остана најдобро за неколкумина од неговото опкружување. Граѓаните се обидуваат ДА ПРЕЖИВЕАТ благодарејќи на прогресивните покачувања на цените кои им ги направија недостижни основните потреби за живот.

Граѓаните имаа прилика да бидат сведоци на  уште еден изгубен мандат „скроен“ по планот на истите оние „проектанти“ на нечесната приватизација и оние кои ја аминуваа истата низ годините. Заев не успеа да се ослободи од „канџите“ на олигарсите кои ја одржуваат „базната“ средина за бизнис во државава заради остварување на своите интереси. Напротив, им овозможи повторно да се вратат на голема врата, овојпат како „спасители“ во својата партија каде повторно ќе се „регрутираат“ за некоја идна власт во државава.

Граѓаните се повторно изманипулирани и оставени сами на себе да преживуваат во безредието во  оваа „савана“. Овојпат опасностите се поголеми, а шансите да се преживее помали од било кога до сега.  Желбата и за оваа година иста- да бидеме НОРМАЛНА ДРЖАВА!