РАДЕВ: Не бива да сме непријатели со Русија, треба дијалог

Балкан

Бугарскиот претседател Радев во домашната јавност во Бугарија е постојано обвинуван за неговото русофилство. Како може да се избегнат такви обвинувања, кога Радев не се воздржува јавно да застане на страната на Русија, кога станува збор за ставовите на НАТО или ЕУ по тие прашања.

Последната изјава ги изненади и најголемите поддржувачи на неговата политика кон ЕУ и Русија. Според Радев, со Русија треба дијалог, а не непријателство. Тој е особено задоволен што Русија стои силно зад Бугарија по македонското прашање.

Во одговор по прашањето за односите помеѓу ЕУ и Русија, Радев посочи дека постои недоверба, но многу европски лидери изразиле мислење дека треба да се бара дијалог за постигнување на деескалација.

Во случајов станува збор за безбедноста на ЕУ, а таа се тргува помеѓу САД и Русија, а Европа не е вклучена во тој дијалог, истакна Радев и додаде дека ЕУ треба да бара дијалог, да постави јасни европски барања кои гарантираат безбедност. Ова секако е најголем удар за САД, а во целосна полза на политиките на Путин.