
PУCИJA ја уценува Македонија за снабдување со гас
По најавите за вртоглаво поскапување за цената на парното вистинска паника владее кај граѓаните кои ги загреваат домаќинствата преку централниот градски систем за греење. Најавите за поскапување се дирекна последица од одбивањето на Русија да не снабдува со евтин гас, согласно договори. Русија уценува и ги поскапува цените, нешто што е одлика на мизерната политика на таа држава кон Македонија.
Покрај паниката која владее во Владата поради фактот што огромното поскапување на парното ќе предизвика вистински ценовен шок кој ќе го намали и онака катастрофалниот рејтинг на власта, сепак уцените од русите остануваат.
Неофицијално од Регулаторната комисија за енергетика Балкан енерџи груп бара поскапување на цената на парното од 300 проценти, поскапување кое го оправдува со порастот на цените на гас на светските пазари.
Од владата смируваат истакнувајќи дека за да нема ценовни шокови, се водат преговори со руски ГАЗПРОМ. Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи соопшти дека преговорите се на самиот крај.
„Ние следиме состојби на тој пазар, на либерализиран пазар, ќе видиме со која цена снабдувачот на гас во нашата земја ќе обезбеди соодветна цена на гас. Сега се уште преговорите не се завршени, најверојатно би требало денеска утре да се знае по која цена е обезбедено количината на гас потребна за нашата држава.“ изјави Фатмир Битиќи, вицепремиер за економски прашања.
Русофилските медиуми во земјава побрзаа да се потсмеваат на сметка на Македонија дека очигледно и е мило НАТО, но помил и е ефтиниот руски гас. Тоа е мизерија од поведение на медиуми кои работат во земјава за руски рубљи.
Тие побрзаа да се потсетат на шпекулациите дека голем број на аналитичари како една од главните причини за падот на претходната Влада предводена од Никола Груевски и жестоките удари кон неговата Влада, вклучувајќи го и објавувањето на бомбите ја гледаа во изградбата на „Јужниот тек“, руски гасовод чија траса требаше да минува низ Македонија.
Со други зборови, ако сите бидеме измеќари на Русите како нив, Македонија ќе добиеше ефтин енергенс, а ќе наплаќаше и кирија за гасоводната траса која ќе минуваше низ Македонија.
Дополнително истакнуваат дека Владата на Зоран Заев ги прекина сите преговори и разговори на оваа тема, а своевремено ги влоши односите со Русија протерувајќи неколку руски дипломати од државата.