ПУТИН психо полуде, пола Русија биле шпиуни

Свет

Путин полуде, сите интелектуалци во Русија кои не се негови измеќари, денеска ги стави на листата на странски агенти. Ги додаде новинарката Таисја Бекбуталова, две членки на панк групата Пуси рајот Надежда Толокоњикова и Вероника Никулшина, сатиричарот Виктор Шендерович и колекционерот на уметнички дела Марат Гелман. На листата странски агенти сега имаа 111 имиња.

– Овие лица систематски доставувале документи до непознат круг луѓе и добивале финансиски средства од странство, наведе руското Министерство за правда.

Законот за странски агенти е од 2012 година, квалификацијата потсетува на непријатели на народот од советско време, првично се применуваше на невладините организации, а потоа беше проширена на медиуми и поединци.

Организациите за слобода на изразувањето ја обвинуваат руската Влада дека Законот го користи како инструмент за замолчување на критичарите.