БОГOJECКИ жecтоко дo Axмети: Cе вpaќаме вo 19ти вeк, пpaвиме уcлуга нa Cpбија
Лидерот на Македонски Концепт, Петар Богојески на социјалните мрежи објави жестока реакција на изјавата на Ахмети за договорот да се внесат Бугарите во Уставот на Македонија!
Тој објави:
„Ние пак не се разбираме… не е проблемот влез на Бугари во Устав на Македонија!
Проблемот доаѓа после тоа… Македонија ќе се врати во 19ти век за време на пропагандите… а со тоа и се прави услуга само на Србија! Само српската пропаганда ќе успее во следните 10 години!
Дали Ахмети свесно или несвесно им прави услуга на српските националисти, не знам… но знам дека не е во ред правецот по кој се водат преговорите со Бугарија!
Не е проблем што Албанци преговараат, проблем е што не го разбираат проблемот!
Не сакам да помислам дека тоа се прави намерно, со цел да се реализира планот на т.н. „српски свет“ за поделба на Македонија и Косово.
Но знам дека има болни, помрачени умови во Бугарија кои живеат за тој момент! Тие се опседнати од фрустрации од времето на Тито и Југославија и нивната омраза кон Македонија и Македонците ги надминува границите на Космосот!
Повикувам на внатрешна дебата во Македонија, пред да се направат било кои чекори во оваа насока!!!
Мое беше да Ви кажам, а Вие си знаете! – напиша Богојески