БУГAPИТE влегyвaат вo Уcтав, Axмети вeќе договopил

Македонија

Лидерот на ДУИ Али Ахмети на новогодишната средба со новинари во седиштето на партијата истакна дека прашањето за влезот на Бугарите во Уставот на РС Македонија веќе е усогласено.

„Ние прифаќаме да ја направиме ова промена и прифаќање на бугарското малцинство, што е право на секој да се изјасни така како што се чувствува. Овој принцип функционирал и ќе функционира и понатаму“, изјави Ахмети.

Штама во македонските партии, освен новите јастреби на СДСМ кои не гледале ништо спорно во тоа Бугарите да влезат во Уставот на Македонија.