Ковачевски за РОКАДИТЕ ВО ВЛАДИНИТЕ РЕСОРИ

Политика

„Владата го има добиено легитимитетот на изборите во 2020 година, таа има владина програма и сега имаме нов партнер во владата, Алтернатива. Ресорите се поделени согласно со споделените одговорности во Владата.

Јас не очекувам да има поголеми проблеми во ресорите, од причина што веќе има владина програма којашто се реализира, меѓутоа таа ќе биде надополнета и ќе биде претставена заедно со новата влада.

Не би очекувал да има големи промени во ресорите, можеби само еден-два ресори коишто би биле финално распределени кога ќе завршат разговорите со сите коалициски партнери“, вели Ковачевски.