ОФИЦИЈАЛНО Скопје најзагаден град во светот

Живот

Нашиот главен град Скопје е најзагаден град во светот. Во зависност од светските рангирања, Скопје е или прв, но најниско до трет најзагаден град во свет. Споредбата се однесува по степенот на загаденост на воздухот, без да се спореди и по други параметри.

Значи Скопје е прв во светот со најзагаден воздух, објави швајцарскиот портал IQAir, кој објавува податоци за квалитетот на воздухот ширум светот.

Зимата штотуку започна, а метрополата веќе урива рекорди, па Скопје стана рекордер во светот. Има со што да се „гордееме“ и ние да сме по нешто први на свет. Процентот на загаденост со над 300 микрограми на кубен метар штетни честички по здравјето на граѓаните е веќе нешто на кое може да ни завидуваат сите народи.

Пред неколку денови позагаден град од Скопје е само Лахоре во Пакистан со 305 микрограми на кубен метар штетни честички, но сега Пакистан може вода да ни носи. Честитки Скопјани, направивте прав избор!