ПУТИН се правда, правиме само вежби, не напаѓаме

Свет

Стотина припадници на руските падобрански единици ќе одржат оваа недела вежби близу украинската граница, соопшти руското министерство за одбрана, а рускиот амбасадор во Европската унија, Владимир Чижов истовремено се правда со изјави дека неговата земја не подготвува воена инвазија врз Украина во екот на тензиите поради обвинувањата од Западот дека Москва наводно подготвува воено да го загрози соседот.

Околу 1.200 падобранци и повече од 250 летала и возила ќе учествуваат во вежбата којашто е подделена меѓу полигонот на црноморскиот полуостров Крим, кој во март 2014 година беше насилно окупиран од Руската Федерација, и соседната покраина Краснодар.

Според објавата на министерството за одбрана, во текот на вежбата ќе се увежбува десант, заземање и обезбедување одредена област.

Рускиот амбасадор во Брисел, Владимир Чижов во интервјуто објавено во четвртокот во германскиот дневен весник Die Welt инсистира дека Русија ги поддржува жителите кои го зборуваа рускиот јазик, а таков зборуваат сите Украинци кои беа принудени да го научат за време окупацијата од СССР, но додава дека Москва никогаш не дала знаци дека сака да користи воени средства за тоа.

„Русија не планира напад на ниедна земја. Ве уверувам дека руските трупи во моментов не се подготвуваат за инвазија врз Украина“, вели Чижов. Освен него сите руски дипломати како папагали го повторуваат истото, а проруските медиуми низ светот, па и во Македонија секојдневно го споделуваат. Тоа е од стравот дека НАТО ќе интервенира на нивната агресија.

Рускиот претседател Владимир Путин предупреди дека Русија нема простор за повлекување во судирот со САД околу Украина и дека ќе биде присилена на жесток одговор доколку Западот не се откаже од својата „агресивна линија“. Ова негово заканување предизвикува потсмев во цело НАТО, еден ден се заканува, следен ден се моли.

Руските измеќари во Македонија постојано ја повторуваат истата реченица:

„Русија е обвинета од Западот дека наводно подготвува инвазија и дека трупа војска на границата со Украина, на што Москва одговара дека распоредувањето на нејзините трупи е поради раздвижувањето на украинските сили во побунетата област Донбас, како и поради постојаното присуство на американски и британски единици и стратешка воена техника и опрема на украинската територија.“

Русија никако не може да ги попречи намерите Украина да биде примена во НАТО и моли таму (Украина) и ниту во соседните земји да не биде распоредено оружје на Алијанската, предупредувајќи дека тоа ќе ја загрози безбедноста на Европа.