ТРАГЕДИЈА! Двегодишно дете го нашле СМРЗНАТО!

Хроника

Според локалните медиуми, во Вордервајзенбах момчето наводно излегло од куќата и се смрзнало од студ.

Passauer Neue Presse“ пишува дека родителите на детето вечерта биле кај соседот и со себе имале монитор за бебиња за да го надгледуваат момчето. Но момчето некако ја напуштило куќата, а родителите тоа го сфатиле околу 5 часот наутро.

Мајката повикала полиција кога забележала дека момчето не е во креветот. Но, пред да пристигне полицијата, мајката го пронашла детето во пижами без знаци на живот недалеку од домот, во гаражата на соседот.

Брзата помош не успеала да го реанимира. Температурите во текот на ноќта се спуштиле до -10 степени.

Во тек е истрага и родителите би можеле да бидат обвинети за убиство од небрежност.