
БОГOJECКИ пo повoд poденденот на PAЦИН
Лидерот на Македонски Концепт, Петар Богојески денес потсети на многу значаен ден за Македонија и Македонците, а тоа е роденденот на безвременскиот поет Коста Солев Рацин.
Богојески запиша:
„На денешен ден 1908 се роди тој што го убија зашто неизмерно многу ја сакаше Македонија…
Го убија зашто не повика да не им служиме на “туѓите бели дворови, а меѓусебе да си копаме црни гробови”!!!
Се викаше Коста Солев Рацин
Мое беше да Ви спомнам, а Вие ако сакате и во 2022 година продолжете за туѓи бели дворови да си копате црни гробови!!!“ – истакна Богојески, за кој откриваме дека е најголем фан на македонскиот поет Рацин и негова мотивација во политиката.