ДОБРО УТРО од aматерката со измилена реалност

Добро утро

ИЗМИСЛЕНА РЕАЛНОСТ

пишyвa д-p. Aмaтepкaтa, вoнpeдeн пpoфecop нa eдeн фaкyлтeт

Способноста на умот е да ја процени реалноста на надворешниот свет и соодветно да дејствува според него, за разлика од дејствувањето според принципот на задоволство. Ние сме налик на ова второто. Дејствуваме според принципот на задоволство. Задоволството на владетелите е во преден план. Низ годините сме сведоци на владеење на дејствија превземени од егото, моментално расположение на „лидерот“ и личниот бенифит.

Никако да се определиме за реално-соодветно дејствување и донесување одлуки врз база на реални показатели од кои пак, зависи понатамошното наше постоење. Секои нови избори им овозможуваме легитимно да се сместат во удобните фотељи, а тие за возврат низ повеќе различни сценарија ни овозможуваат да живееме во измислена реалност. Но таа фалс реалност има краток рок. Во моментов сме повторно на почеток. На една измислена реалност и дојде крајот, па така секојдневно сме сведоци на поединечни изјави за напуштање на владиниот кабинет. Секако причините за кои зборуваат се повторно измислени и нереални.

Водени единствено од принципот на задоволство ќе се формира ново владино мнозинство кое пак само по себе не е реално овојпат. Така овојпат уште од самиот почеток сме спремни за идните нереални сценарија кои ќе се обидат да ни ги „прожектираат“.

Бидејќи очигледно не сме во состојба да им оневозможиме да го одложат моменталното задоволување, принципот на „задоволство-его“ уште долго време ќе биде присутен на нашата политичка сцена. А ние уште многу долго време ќе тапкаме во место „купи ден помини“.