ШЕЌЕРИНСКА преку ЗЛОУПОТРЕБА на АРМ до раскол во СДСМ и нова партија

АНАЛИЗА

Скандалозна злоупотреба на прес центарот на Министерството за одбрана и АРМ за партиска пресконференција на лицето Радмила Шекеринска, вклучително и на началникот на Генералштабот на Армијата, генерал полковник Васко Ѓурчиновски.

До сега вакво нешто не се случило во Министерството за одбрана и АРМ, особено кога сме дел од НАТО, каде професионализмот и принципите се над сите партиски интереси. Покрај огромната партизација на Армијата и Министерството, од Шеќеринска не се очекуваше да се организира партиска пресконференција на која ќе се дискутира за внатрепартиски работи во СДСМ и тоа преку злоупотреба и во присуство на Генералот Ѓурчиновски, кој се најде во улога на партиски активист. Тоа е целосно непочитување кон него, злоупотреба на неговото присуство, непочитување на АРМ и сите офицери.

На таа пресконференција Шеќеринска имаше нарачано прашање за нејзиното учество во Владата и активизмот во СДСМ, што е мизерно само по себе и подигрување со честа на АРМ и нејзините офицери, особено Генерали и самото Министерство. Таа без грам професионализам си дозволи да раскажува дека нема да биде дел од новата влада, зашто замислете не било принципиелно да биде дел од новиот владин состав, а не ја соопшти вистинската причина. Буквално партиски манипулации од говорницата на МО и АРМ.  МКДенес за причината за заминување на Шеќеринска има детали и истата ќе ја објави следните денови.

Радмила Шекеринска нема да биде дел од новата влада. Таа го најави ова на денешната прес-конференција на МО и АРМ, при што истакна оти не е принципиелно да биде дел од новиот владин состав известуваат медиумите.

„Единствената принципиелна и чесна одлика би била да кажам дека нема да учествувам во следната влада. Сметам дека во изминатиот период можевме да продуцираме резултати како влада, јас како министерка за одбрана, само заради тоа што покажавме принципиелност, чесност и одговорност и многу работа. И тогаш вреди, и тогаш има резултати. Ако не сме принципиелни, тогаш мислам дека тие резултати нема да дојдат“, рече Шекеринска одговарајќи на наместено новинарско прашање. Притоа таа ги премолчи криминалните и безбедносни скандали кои се присутни во јавноста за неа и нејзините најблиски соработници.

Таа воедно истакна дека не се согласувала со дел од политиките во владејачката СДСМ, како таа да е падната од марс и на позицијата министер доаѓа од секаде, само не од СДСМ.

Ако не сме принципиелни кон себе, не можеме да бидеме принципиелни и чесни ниту кон граѓаните. И затоа, истата одлука им ја соопштив на моите колеги, мислам дека е принципиелно и чесно да не учествувам во следната влада Радмила Шекеринска, токму преку злоупотреба на МО и АРМ.

„Дел од тие политики придонесоа за поразот што го доживеавме на локалните избори. За жал мојот впечаток е дека од тие лекции не научивме и дека некои од јавноста не ги чувме или не ги разбравме“, истакна Шеќеринска и си продолжи со партиски прес пред Началникот на Генералштабот.

Премиерот во заминување, Зоран Заев се очекува неговата оставка до Собранието да ја достави во текот на идната недела. Нов мандатар се очекува да биде и новиот претседател на СДСМ, Димитар Ковачевски. Вчеравечер се одржа и тричасовна средба меѓу премиерот Заев и претседателот на ДУИ, Али Ахмети а на која присуствуваа и првиот вицепремиер Артан Груби, како и Ковачевски и вицепремиерот Љупчо Николовски.

Шеќеринска се заканува да им ги расипе сметките. Нашите информации од нејзините најблики соработници говорат дека таа планира да направи нов раскол во СДСМ, да одземе пратеници и да го расипе планот на Заев за новата „приватизирана“ влада на неговата екипа во СДСМ. Плановите оделе во насока на формирање на нова партија во која учество ќе имале две политичарки од Партијата на зелените и една поранешна пратеничка на ВМРО ДПМНЕ.

Јавноста нема да се изнанеди ако овој дел од личната партиска агенда на Шеќеринска за промоција на новата партија, да го организира во Домот на АРМ, на сметка на Министирството за одбрана, бидејќи до сега таа во целост ја злоупотреби службената положба и овластување за партиски цели, што повлекува и кривична одговорност.