
Ќе има ли одговор на петицијата – маските да не се задолжителни во училиштата?
Неодамнешната петиција на околу илјада родители со која се бара маските да не бидат задолжителни за учениците се уште нема конкретен одговор од надлежните државни органи. Комисијата за заразни заболувања, Министерството за здравство, за образование и други институции го добија барањето и…
Во петицијата, родителите потенцираат дека континуираното носење маски е исклучително тешко по здравјето на нивните деца.
– Здравјето на децата е сериозно загрозено со постојаното носење на заштитните маски бидејќи се отежнува дишењето. Децата се приморани да носат и маски за време на часовите по физичко воспитување, спротивно на сите препораки од СЗО и експерти. Не може безгрижно да се прославуваат нови години, журки и забави додека децата се гушат со маски за време на училишните часови, наведуваат родители – потписници.
Од друга страна, родителите организирани во Фејсбук-групата „Стоп за носењето маски во училишта“ деновиве вршат подготовки за протест кој е закажан за 24 декември во 18 часот пред македонската Влада. Во групата членуваат 6,6 илјади граѓани кои ја поддржуваат иницијативата.
–Сите граѓани , сите родители без разлика на вера, нација и убедувања излезете на улица и изборете се за правата на децата. Повеќе од една година нашите деца страдаат од долготрајното носење на маски и доколку истото продолжи последиците по нивното здравје во иднина ќе бидат несогледливи. Учителки, Наставници, Педијатри, Инфектолози, Дерматолози, Кардиолози застанете на страната на здравјето на децата! Нивното место е во училишните клупи и тоа без маски , без никакви трауми, условувања и заплашувања , да израснат во физички и психички здрави личности, се наведува во поканата за протестот