Добро утро од Аматерката со ЛАБИЛНА ДРЖАВА

Добро утро

СТАБИЛНА ВЛАДА во  ЛАБИЛНА ДРЖАВА

пишyвa д-p. Aмaтepкaтa, вoнpeдeн пpoфecop нa eдeн фaкyлтeт

Целта да се обезбедат стабилна Влада и стабилно парламентарно мнозинство кои дејствуваат исклучиво во интерес на граѓаните и на државните интереси е исполнета, порачаа по вчерашната работна средба во Владата премиерот Зоран Заев, претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски и претседателот на ДУИ Али Ахмети.

 

Очекувано, овие парти не излегуваат од владата! Заклучуваат дека не се обезбедени услови за тоа, иако стратешките ориентации за интеграции во евроатланстските структури остануваат само сон, земајќи предвид дека не се исполнети основните постулати врз кои се темели евроинтеграцијата.

Македонската демократска политичка транзиција сеуште ја перцепираме како недовршена, од причина што  досегашните власти не успеваат  да ги спроведе нужните реформи кон демократизација, бидејќи  постоењето на пресилна власт која ја киднапира државата и институциите им стана навика. Најважно им е тие да се удобни во спроведување на личните животни планови.

Ова поведение создава лабилен државен систем сочинет од полтрони и од најлошите политички и криминални делови од општеството. Во него клучна улога има непрофесионализмот. Во образованието „врие“ од партиски активистки со неетичко и неморално поведение на чија одговорност е оставена нашата иднина. Во МВР корумпирани „џандари“ од кои ни зависи безбедноста, а во здравство надрилекари и партиски донатори од кои ни зависи животот. Администрацијата е посебна приказна.

 

Таму се „регрутирани“ клучните партиски војници кои во најголем број имаат „чин“ –  „роднина“  или „швалерка“ . Во зависност од моќта на „врската“ се доделува и чинот. Користејќи го државниот систем за сопствен интерес  си обезбедуваат мирно владеење и нереална слика за стабилноста на истиот. Ќе рушеа режим – се стопија во истиот. Ќе департизираа администрација – ја дополнија со свои војници. Ќе сузбиваа криминал – го проширија списокот со криминалци. Бараа правда – сеат неправда. Ќе ги враќаа парите кај граѓаните – им ги зедоа и тие што ги имаа. Ветија европеизација – не уназадија во балканизација.

Битно Владата е  СТАБИЛНА!