Арсовска со одговор до Јакимовски: Наместо да врши медиумски притисок вината барај си ја кај Стефан Богоев

Македонија, Политика

И дури сите мислеа дека токму коалициониот партнер на ВМРО-ДПМНЕ од Гром Стевче Јакимовски и новоизбраната шефица на Скопје и наследничка на Шилегов, ќе бидат во добри односи за доброто на граѓаните на општина Карпош, но и за доброто на скопјани, по само неполни 2 месеци, се разгореа страстите по што Јакимовски и Арсовска влегуваат во конфликт?

Имено, Јакимовски се огласи на социјалната мрежа Фејсбук и истакна дека дури 45 дена го моли Градот Скопје да назначи комисија за урбанизам, бидејќи како што вели, можеле да изгубат тужба од 15 милиони евра

Градоначалникот и лидер на ГРОМ Стевчо Јакимовски се пожали дека подолго време не може да стапи во контакт со градоначалничката на Скопје, која беше избрана со поддршка на неговиот поголем коалициски партнер-ВМРО-ДПМНЕ.
„Имам потреба вака јавно да се обратам, веќе 45 дена го молам Градот Скопје да назначи комисија за урбанизам, бидејќи старата комисија е суспендирана, а немаат назначено нова комисија за да го одобри деталниот урбанистички план за кој што сме ние тужени, а тужителот бара 15 милиони евра оштета.

Досега имав средба со јавниот правобранител и со правобранителот кој го води предметот. Инсистираат планот итно да се донесе и на инвеститорот да му се понуди парцелата која е суспендирана со поништување на планот.

Ова е последниот начин со кој што можам евентуално да влијаам за позитивно решение на проблемот за Општината Карпош да не биде доведена во тешка материјална состојба“, пишува Јакомовски на својот фејсбук профил, рече Јакимовски

Градот Скопје не учествувал во постапката за поништување на претходниот урбанистички план во општина Карпош, за да преземе било каква одговорност за било каква штета настаната поради суспензија на претходен урбанистички план, ниту учествувал во постапката за продажба на земјиштето.

Градоначалникот на Карпош наместо вината да ја бара во неговиот претходник, се обидува да изврши медиумски и институционален притисок врз градот, за позитивно мислење на одреден урбанистички план.

Градот Скопје е исклучиво надлежен за носење на Генерален урбанистички план, а во постапките за Детален урбанистички план единствено дава мислење по однос на истиот, покрај останатите институции како што се Министерството за транспорт и врски, Агенцијата за катастар на недвижности и други, а најважно, конечен носител на било кој ДУП е Советот на општина Карпош.

Како Град Скопје, ги имаме предвид барањата и потребите на жителите на Скопје и во ниту еден случај нема да дозволиме да се постапи спротивно на интересите на скопјани.

Дали ваквиот однос на Јакимовски и Арсовска може да ги скара досегашните „коалициони партнери“ и дали за ова ќе има раакција од ГРОМ кај раководството на ВМРО-ДПМНЕ, останува да видиме.