ДАНЕЛА и СТЕВЧЕ се „заклаа“ еве ги причините!

Политика

Градоначалникот на Општина Карпош Стевчо Јакимовски денеска преку видеообраќање на својот фејсбук профил ја повика градоначалничката на Скопје Данела Арсовска да формира комисија за урбанизам во Град Скопје оти на општината ѝ се заканува тужба од 15 милиони евра. Јакимовски вели дека 45 дена не може да ја најде Арсовска, нема никаква кооперативност од нејзина страна и видео обраќањето е последна начин да стапи во контакт со градоначалничката и службите од Град Скопје.

45 ДЕНА НЕ МОЖАМ ДА ЈА НАЈДАМ АРСОВСКА, А НИ СЕ ЗАКАНУВА ТУЖБА, НЕ СЕ 15 КРУШКИ, ТУКУ 15 МИЛИОНИ ЕВРА, ВЕЛИ ЈАКИМОВСКИ

„Веќе 45 дена го молам Градот Скопје да назначи комисија за урбанизам, бидејќи старата комисија која досега фукционирала ја суспендирале, а немаат назначено нова комисија за да го одобри деталниот урбанистички план за кој што сме ние тужени, а тужителот бара 15 милиони евра оштета. Вчера добив писмо дека ќе следи и кривична пријава, но јас до денес не наоѓам никакво разбирање ниту желба за кооперативност ниту чувство за одговорност.

Не се 15 крушки туку за 15 милиони евра станува збор. Се обидував да стапам во дирекна комуникација со градоначалничката, со службите, се обидував и преку разни други канали да оставрам контакт. Ова е последниот начин со кој што можам евентуално да влијаам за позитивно решение на проблемот за Општината Карпош да не биде доведена во тешка материјална состојба“, вели Јакимовски во видеообраќањето.

 

Тој кажа дека во одбраната на општината и државните интереси е вклучено Јавното правобранителство и досега имал средба со јавниот правобранител и со правобранителот кој го води предметот.

„Тие инсистираат планот итно да се донесе и на тужителот да му се понуди парцелата која е суспендирана со поништување на планот, во спротивно ќе треба да платиме 15 милиони евра“, вели Јакимовски.