РАСПАДНАТ автопатот “Гоце Делчев“, дали ќе има одговорност

Македонија

Автопатот „Гоце Делчев“ на линија Скопје – Штип се распаѓа во буквална смисла на зборот. Иако е нов автопат од само неколку години, тој никогаш не успеа да профункционира во целост. Јавноста се прашува, помина ли година откога го пуштија автопатот во употреба? Секако не помина ниту недела од претпоследната хаварија на истата траса.

Дали ќе има одговорност за оваа лоша изведба на автопатот, а скапо платена? Во нормална држава, за вакво нешто веднаш се отвора истрага за утврдување на одговорност, се одзeма лиценцата за работа на фирмата која го “направила” овој фуш, се испраќаат инспекции во истата и се ставаат тројца во притвор, коментираат граѓаните.

Дали некој воопшто направил увид во документите особено тендерот за изведбата? Дали имало геолошко испитување ( елаборат ), кој го правел проектот врз основа на тој елаборат, кој статичар ја пресметувал статиката врз оснава повторно на тој елаборат, која лабараторија го испитувала бетонот и арматурата што се вградени во потпорниот ѕид, кој правел ревизија на проектот и најбитно кој е главниот надзор за да ги провери сите овие работи?

Ваква негрижа и ваков криминал не е забележан во останатите земји во светот, вклучувајќи ја и Африка.