TEПAЧКА пoмеѓy Гpyби oд ДУИ и ВМPO ДПМHE, Axмети cмиpyва

Политика

На маса се тепаат, под маса се договараат, тврдат аналитичарите за односите помеѓу ВМРО ДПМНЕ и ДУИ!

Вицепремиерот Артан Груби изјави дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски е веќе согласен во последните 100 дена на Владата на чело да застане премиер Албанец.

-Договорот меѓу ДУИ и СДСМ е да има премиер Албанец 100 дена пред избори. Тоа е разговарано со Заев и Ахмети. Интересно е дека и Заев предвидел дека последните 100 денови на Владата ќе ги води премиер Албанец. За тоа е согласен и Димитар Ковачевски верувам. Е сега, да кажам дека и ВМРО-ДПМНЕ се согласни да има премиер Албанец. Тоа е разговарано меѓу ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ. Се мисли на последните 100 дена на оваа Влада. Лично за ова разговарале Ахмети и Мицкоски, порача Груби.

На тоа жестоко реагираше опозициската ВМРО-ДПМНЕ која достави реакција на интервјуто со Груби од редовите на ДУИ.

Тие велат дека добро би било Груби да излезе и да каже дека ДУИ прифатиле предвремени парламентарни избори следната година

„За разлика од СДСМ/ДУИ, ние нема да навлегуваме во стапицата на националистички тези и романтизми кои ги користат за да го покријат криминалот кој се одвива во позадина. Имајќи го предвид скромниот капацитет на Артан Груби и неговата политика на сеење омраза, поделби и национализам не очекуваме поинаков пристап од веќе видениот на рекла казала политики“, посочуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ пропушта, намерно или не, да соопшти дека веќе има договор помеѓу нив и ДУИ, а тоа е фактот дека Мицкоски прифатил премиер Албанец, 100 дена пред наредните избори, но Ахмети прифатил предвремени парламентарни избори во мај или септември 2022 година.