ПPEДУПPEДУВAЊЕ нa Биpoто за jaвни нaбавки зa мecтење тeндepи

Македонија

Бирото за јавни набавки, согласно своите надлежности кои произлегуваат од Законот за јавните набавки  („Службен весник на РМ“ бр. 24/19 и  бр. 87/21), член 45 став (1) алинеја 12, ги информира договорните органи и надлежните органи за констатираните неправилности при спроведување на постапките за јавни набавки, е наведено во предупредувањето испратено по електронска пошта до сите компании во земјава, но и владини институции.

Според направените анализи и согледувања од пракса во делот на употребата на електронските аукции, констатирани се одредени коруптивни и манупулативни практики кои укажуваат на однапред договорен победник. Договорните органи иако инсистираа за укинување на задолжителните аукции и ги имаат согледано негативните ефекти, и понатаму многу често користат е-аукции.

Искуството покажува дека во случаите кога понудувачите немаат можност да ја корегираат цената по јавното отварање прават детални и реални пресметки на цената што ја нудат во својата првично поднесена понуда.

ПРЕПОРАКА: користење на критеримот за избор НАЈНИСКА ЦЕНА НО БЕЗ Е-АУКЦИЈА, со цел да се ограничи можноста за корекција на првичната понудена цена (доколку нема конкуренција не се намалува цената, доколку има конкуренција постои опасност двајцата понудувачи да се договорат за тоа дали и колку ќе ја намалат цената, додека во случај на поголема конкуренција, во многу случаи праксата покажува нелогичното намалување на цените и делумно реализирање на договорот односно реализација на ставките каде цената не е многу намалена, а неиспорачување на ставките за кои цената за време на аукција е намалена многу под пазарната со цел да се добие тендерот, договорот согласно техничката спецификација не е целосно реализиран).

Имајќи го во предвид горенаведеното, Бирото за јавни набавки им препорачува на договорните органи да го ограничат користењето на е-аукција, а за констатираните неправилности ќе ги извести надлежните органи, е наведено во известувањето на Биро за јавни набавки, Министерство за финансии, без да се прецизира кои државни институции го злоупотребиле електронскиот систем за јавни набавки.