ГРУЕВСКИ призна кој го предал, ова е човекот

Изјави

Поранешниот премиер на македонската Влада и поранешен лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, на својот профил на социјалните мрежи ги коментираше исказите на некогашните негови блиски соработници.

Тој изрази разочараност од Мартин Протогер, поради еден дел од неговиот исказ во судот, но и од шпекулациите дека се обидувал да се доближи до СДСМ. Очигледно предавникот бил Протугер, најблискиот соработник на Груевски го предавал зад грб. Секогаш каменот доаѓа од блиску, би рекол Саша Мијалков.

Груевски во едно постаро интервју за Сител, кое го даде во Будимпешта, проговори за луѓето кои биле негово опкружување. За разочарувањето во дел од нив, кои од моментот кога не е на власт, го смениле односот кон него.

-За мое големо позитивно изненадување, некои луѓе кои биле споредни ликови во моето опкружување и од кои ништо не сум очекувал, тие во овие неколку години најмногу направија за мене. Оние на кои најмногу им помогнав, постапија поинаку, рече во таа прилика Никола Груевски.