ПАДНА митот за Пyтин од KГБ, еве што работел пред пoлитиката

Живот

Долго време низ светот се градеше митот за супер херојот и супер агентот на КГБ во Источна Русија, Владимир Путин во стилот на Бонд 007. Самиот Путин си призна, таква беше ситуацијата, јас во деведесеттите работев како таксист.

Тој тоа го признава во серијалот „Современа историја“, кој специјално се снима за да се прикаже „добата на Путин“ и се емитува на руската телевизија „Русија 24“.

“Порано морав да работам како таксист. За жал не ми е пријатно да зборувам за тоа, но таква беше ситуацијата“, рече Путин.

Секако тој во тој серијал зборува за неговиот лов на ЦИА-ши низ Москва, како тој ја спасил Русија од странските служби, а секако сите ги исчистил кога станал претседател. Класична приказна од бајките.