ШOKAHТНО: AKЦИJA на HAТО, Дpaжо на Шеќepинcка oддавaл вoeни тajни нa Cpбиja

АНАЛИЗА

НАТО спроведува опширна акција за проверка на степенот на заштита на класифицираните информации, после откривање на скандалот со државниот секретар за одбрана Дражо Николиќ, назначен од Шеќеринска на таа позиција, кој се сомничи дека оддавал државни и воени тајни од НАТО и Македонија во корист на Србија, информираат дипломатски извори.

Според информациите во НАТО владее длабока загриженост и подготвеност да се отвори официјална истрага пред македонските институции за лицето Дражо Николиќ, кој располагал со највисок степен на национален сертификат за безбадност – државна тајна, а кој ги нарушил протоколите за заштита на класифицирани информации, особено во делот на опремувањето на АРМ со оружје и воена опрема. Тој во повеќе наврати бил на тајни посети на Србија, на кои се сретнувал со лица од непријателски служби, кои не се од делот на НАТО, за што истрага води и Службата за безбедност на самата Алијанса.

Далеку од очите на јавноста, во обид да ги прикрие своите средби со српските служби од НАТО и македонската јавност, државниот секретар во Министерството за одбрана Дражо Николиќ повторно бил на посета на Србија на 07.12.2021 година, под превезот на некаква конференција за родова еднаквост во армиите.

Прес центарот на Министерството за одбрана на Шеќеринска ги прикрива информациите и не известува за тој настан. Кои се причините што Шеќеринска сокрива посета на Србија на нејзиниот државен секретар и најблизок соработник Дража Николиќ? Дали се обидуваат да ги сокријат затворените средби и посети на „терен“ низ Србија, на кои Дража бил на посета на воената фабрика Јумко од Врање? Дали целта е да се сокрие предвремено договарање на јавни набавки со службите на Србија, од кои се земаат дебели провизии, а се оддават воени тајни на АРМ на српските служби?

Истиот ден додека Дражо оперираше на „терен“ низ Србија, Шеќеринска на нејзината официјална фан страна на Фејзбук објави за набавка на 7000 нови униформи за Армијата, но не соопшти од каде се набавени и како се договорени? Од извори на НАТО дознаваме дека тоа е само мал дел од опремата која Шеќеринска и Дражо ја договориле со Србија и ја набавуваат за Македонија.

Што сокрива Шеќеринска и каде го испратила Дражо во Србија? Имено не станувало збор за комплет на униформа, туку само за  панталони и палто, а платено било како за комплетна униформа. Тоа е униформа произведена во Врање во Србија, која не е согласно НАТО стандардите! НАТО на ова реагира со негодување, но веќе истрагите се отворени.

Изворите од кабинетот на Шеќеринска во Министерство за одбрана известуваат дека Дражо Николиќ реферирал за текот на јавните набавки на македонското Министерство, пред будното око на неговиот шеф Небојша Стефановиќ, министер за одбрана на Србија. Тоа е спротивно на безбедносните протоколи и на Законот за класифицирани информации, за што Дражо Николиќ може да биде осуден на минимална казна од 5 години затвор.

Имено, планот за јавни набавки на Министерството за одбрана во делот на набавките на воена опрема и вооружување (ВВО) е класифициран со степен на безбедност, а оддавање на информации од истиот на непријателски служби и армии надвор од НАТО е кривично дело, за кое се одговара согласно висината на сертификатот на безбедност на неговиот носител.

Бидејќи во случајов станува збор за државен секретар за одбрана, носител на степен на национален безбедносен сертификат – државна тајна, тој може да биде веднаш притворен и да одговара за КРИВИЧНО ДЕЛО за кое е пропишана минимална казна од 5 години ефективен затвор, согласно Закон за класифицирани информации. ОЈО може да отвори итна истрага по добивање на овие информации од отворен карактер, секако и Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации.

Листата на набавена опрема и вооружување од Србија е огромна, која не е согласно НАТО стандарди, а за која македонските државјани платили милиони и милиони евра. Колкави провизии се земени од српските служби, ако се знае дека нивното наменско производство е под нивна дирекна контрола? Која цена ја плаќа македонскиот безбедносен систем, ако дел од највиското раководство од Македонија е под „финансиска поддршка“ од српските служби?

Дипломатите известуваат дека НАТО веќе има отворено истрага и дека ќе има одговорност, без пардон за никого. Оддавање на државни и воени тајни, но и сојузнички тајни на непријателски служби и армии како што се српските, е тешко кривично дело за кое дебело ќе се одговара.

Да потсетиме дека станува збор за син на соработникот на воениот злосторник Ратко Младиќ, вљубеник на „четнички покрет Србије“, кој со гордост го носи надимакот Дражо или Дража, во чест на неговиот идол Дража Михајловиќ, лидерот на четничката злосторничка организација за време на Втората светска војна и соработник со нацистите.

Значајно за македонските безбедносни служби е фактот што токму во Врање се организираат средбите помеѓу македонски, српски и руски попови, кои се во акција за спречување на признавањето на афтокефалноста на МПЦ – ОА и нејзино целосно уништување. Тие се во обид за официјална Црква во Македонија да ја наметнат сектата на расколникот и опредавник Зоран Вранишковски / иќ.

Дали Дражо Николиќ ја искористил приликата, да се сретне со заговорниците во Врање, против македонската Црква и држава?