ЕРДОГАН признава, дојден е крајот

Балкан

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, откако се соочи со реалноста дека е дојден крајот на неговата кариера, се одлучи да ги менува министрите и да се подготвува за напуштање на фунцкијата. Со него се повлекуваат и неговите најблиски соработници. Тој неодамна назначи нов министер за финансии откако Лутфи Елван поднесе оставка поради загриженоста за инфлацијата, падот на лирата и конзервативните економски политики на Владата.

Разрешувањето на функционери укажува на продлабочување на јазот во администрацијата поради инсистирањето на Ердоган за намалување на каматните стапки, што може да биде високоризично коцкање пред изборите во 2023 година, пишуваат светските медиуми.

Но Ердоган си заминува без избори, под притисок на домашната и меѓународна јавност поради суспендирање на републиканското уредување на Турција, предавство на партнерството во НАТО и промоција на радикален ислам во секуларната Република на Ататурк!