
ДОГОВОРОТ ЗАЕВ – ГАШИ и Рамковен, каде е излезот, одговара Богојески
„Заев го суспендираше уставниот поредок на Македонија, ставајќи го политичкиот пазар врз судството, врз системот за професионални стандарди во администрацијата, но најболно, воспоставување на економски апархејд на едни граѓани врз други“ е ставот на Богојески од Македонски концепт, во врска со последниот коалиционен договор помеѓу СДСМ и Алтернатива и обезбедувањето на ново парламентарно мнозинство.
Граѓаните се во летаргична состојба, бидејќи се убедени дека ништо не може да променат. Тоа не е точно, многу работи зависат токму од граѓаните, за што повикувам на граѓанска мобилизиција со цел да се зачува граѓанскиот карактер на Македонија. Доколку продолжи ова лудило, Македонија ќе стане земја на етнички и политички банди, кои ќе злоставуваат граѓани по сопствено наоѓање.
Од изнесеното од Богојески, може да констатираме четири ефекти врз општеството од договорот Заев – Гаши, суспензија на граѓански концепт на државата, на судскиот систем, на професионалните стандарди во администрација и економски апархејд.
Рамковниот договор имаше низа позитивни ефекти во земјава, но тоа е веќе завршена работа. Сега токму тој договор стои на патот на новиот современ концепт на „граѓанските држави“. Тој инсистира на етнички споделена држава, што е пречка за идниот развој. Едноставно времето го надмина и истиот треба да се надгради, во смисла да се граѓанизира. Нема потреба од етнички квоти или делење на „владини колачи“ по етничка линија. Сите ние сме граѓани на државата и треба да имаме потполно исти права, а не една етничка заедница да се наметнува врз останатите, која и да е таа, смета Богојески.
Новата влада во која влегува Алтернатива го прави токму спротивното, безобзирно делење на „колачи“ по етничка линија, дополнето веќе со антицивилизациски мерки на наметнување на економските интереси на едни граѓани врз други. Тоа е тој економски апархејд за кој зборувам, тоа е спротивно и на Охридскиот договор и на меѓународни стандарди! Заев буквално ги фрли Македонците во економско ропство!
За да биде појасно, Заев потпиша наметнување на интересите на еден регион во земјава, наспроти останатите. Наместо рамномерен развој, односно јас би кажал пазарен развој по принцип кој колку допринесува во државен Буџет, толку да има на располагање за сопствен развој, сега имаме целосно спротивен тек на тие политики. Насилно со политички договор им се наметнува на дел од граѓаните да прифатат да плаќаат економски привилегии за друг дел граѓани, по принцип на нерамноправност и етнички клуч. Доделување на субвенции и финансиски привилегии по етнички клуч е антицивилизациски чин, тоа е современо економнско ропство, изјавува Богојески.
За жал дел од граѓаните се концентрираат на пусти функции и фотељи што ги добила Алтернатива, се потепаа помеѓу себе за тоа кој повеќе места земал, тоа значи од дрвото, шумата не ја гледаат. Најмалку важно е кој колку места земал и дали ќе има Албанци или Ескими на тие места. Многу поважно е ова што погоре го говорам, но и фактот што за прв пат во политички договор се тргува со административни позиции кои не се „функционерски“, односно не се именуваат или избираат лица за тие места, туку се професионални. Тоа значи се суспендира системот на кариера во јавниот сектор и се наметнува систем на политички пазар, кој и до сега го имаше, но не вака транспарентно и на хартија.
Најважно е што никој не дава забелешка на фактот што Македонија има најголем број министри во светки рамки. Наместо нивниот број максимално да се намали, тој дополнително се зголемува со овој договор Заев – Гаши, најавата е за некои 30 министри. Тоа е секако надвор од здрав разум. Сите ние сме жртви на исполнување на партиските апетити, државниот Буџет тоа не може да го издржи.
Дополнително, не постои држава во Европа која побарала од Европската комисија независни експерти да добијат мандат да испитаат кои судски случаи се монтирани. Тоа е рамно на суспендирање на правниот поредок на Македонија! Тоа е недозволиво во држава во која што владее правото! Ова е грубо, недозволено извршната власт вака директно да се меша во судските постапки.
Замисли кој монструм треба да бидеш, за да преговараш за “Монструм”!!! Како тоа Заев констатирал проблеми во судски процедури, каде обвинети се само етнички Албанци или оштетени. По кои критериуми Заев ја направил селекцијата на тие четири предмети? Дали тоа значи дека секогаш кога некој Албанец ќе направи кривично дело, а тој е конектиран со некоја од политичките партии, при секое формирање на Влада ќе се преговара за неговата вина? Тоа е чиста лудост и не смее да помине. Заев не е свесен што прави со ова!
Во тој контекст, во МКонцепт испитуваме правен основ за поведување на кривична постапка за нарушување на уставниот поредок на Македонија од лицето Зоран Заев. Ако Заев имаше чесни намери со Македонија, ќе побараше поддршка од опозицијата за малцинска Влада и во мај 2022 година ќе се одржеа предвремени избори! Но за жал, тоа не е Заев!
Јас сеуште верувам дека има домаќини луѓе во СДСМ, кои си ја сакаат државата и напредокот, не дозволувајте болеста за власт и привилегии на неколкумина од раководството на Вашата партија да не кошта државност!!! И Вие од СДСМ станувате подеднакво робови на оваа заложничка криза, во која се урива Уставниот поредок на Републиката!
Не чекајте мечката да заигра кај соседот, ќе дојде ден ќе заигра и во Ваш двор! Кај секој еден од Вас! Вакво поведение не смее да помине! Суспендиран е уставниот поредок на земјата!
Бидејќи граѓаните најчесто викаат “сите сте исти”, сега ќе Ви кажам што јас би направил да сум на место на Заев, во овие моменти. Наместо вакво срамно себепонижување, понижување на нацијата и државата, суспендирање на Уставен поредок на Републиката, пуштање низ вода на своите најблиски соработници како Филипче, местење на внатрепартиски избори сл., јас ќе побарав поддршка од опозицијата за донесување на Буџет 2022, за стабилна малцинска влада до мај 2022 година и ќе распишев предвремени избори!
Ама ваква брука не поминуваше, па што сака нека биде! По тоа се гледа дека не сме сите исти, нели?!? Скандалот со Филипче не сакам да го коментирам, веќе е дегутантно.
Ова се доволно аргументи Владата да не добие поддршка во Собранието, а да се отвори процес на утврдување одговорност. Граѓаните мислат дека не може ништо да се промени. Еве јас сега ќе Ви објаснам како може многу лесно да се промени. Дел од граѓаните да дадат поддршка на Македонски Концепт и да се состават листи на кандидати за пратеници, кои го споделуваат ова исто убедување со мене. На следните парламентарни избори 2022 година, од тие листи да изберат барем 5 пратеници. Без тие пратеници, нема да може да се состави Влада. Секако ќе пробаат да поткупуваат, секако ќе пробаат да ветуваат, секако ќе има интереси, ама јас барам 5 пратеници кои сето тоа ќе го издржат, убедени во нашата мисија да ставиме крај на сето ова.
Условот ќе биде формирање на Влада од максимум 12 до 15 министри. Секако дека ќе скокаат ДУИ, Алтернатива, и т.н. ама тоа не е битно! Влада нема да има, па изборите ќе се повторат во 2022 година. Кога граѓаните ќе забележите што ние правиме, на тие избори ќе ни дадете 15 пратеници. Повторно истата приказна, без нас нема Влада. Условите остануваат исти. Пак ќе има пазари, нема да има договор, повторно избори.
Граѓаните ќе препознаат дека силата им е во раката и од нив зависи. Веќе ќе ја победиме летаргијата. Третите избори во 2022 година ние ќе имаме 35 пратеници и ќе формираме Влада со мах 15 министри, без заменици, ќе се реформира администрација за 50 %, ќе се суспендира системот на уцени… па нареден пат ќе имаме 65 пратеници, по што ќе има целосен рестарт на државата.
Секако ќе кажете сите вака ветуваат, а после не исполнуваат. Точно, во право сте! Но нема друг начин, освен да се зафатиме за работа и ова да го реализираме и да им докажеме на граѓаните дека од нив зависи. Од вас зависи, иницијативата ја имате, дајте граѓански кандидати за пратеници кои ќе опстојат во оваа борба и да завршиме работа за 4 години, колку не е направено во последните 30. Вие си знаете, е пораката на Богојески.