
ДИMИТPOВ oдамнa нe бeше пpoшетaн, Гepманцитe coн нeма дa ги фaти
Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Никола Димитров од утре ќе престојува во дводневна посета на Сојузна Република Германија. Таму се очекува вицепремиерот Димитров да каже нешто што не е кажано и да слушне нешто што не е сушнато, за што македонските граѓани ќе платиме дебела сметка за хотели, ручеци, патувања и слични лудории на нашиот драг функционер.
Според агендата, предвидени се средби со високи претставници на новоформираната германска Влада, вклучително и со новата државна министерка за Европа – Ана Лирман, која на првиот ден од преземањето на функцијата од Михаел Рот, ќе се сретне со вицепремиерот Димитров и од тоа Македонија ќе има голем ќар, дури се очекува продолжување на бугарското вето.
Димитров, како што информира Секретаријатот за европски прашања, кој се знае, само појма нема за Европа, ќе ја искористи посетата за да уште во првите денови од мандатот на Владата на канцеларот Шолц, да го насочи вниманието кон европското досие на Македонија и ангажманот на Германија во регионот. Во Германија после тоа сон нема да ги фати!
Прашањето за евроинтеграцијата на регионот, Димитров ќе го покрене и на годишната конференција на Европскиот совет за надворешни односи (ECFR), клучен настан на европскиот политички календар што ги обединува највисоките носители на одлуки на континентот, еминентни интелектуалци, претставници на невладиното општество и тинк-тенк заедницата. На тој состанок се очекува Димитров да се расплачи, па останатите да ги фати жал за него и за сите нас што го трпиме.
Вицепремиерот Димитров во мај годинава стана официјален член на ECFR, водечка меѓународна тинк-тенк организација, посветена на европската надворешна и безбедносна политика, кој никој не ја шајкари за ништо!