бучковски

HOBА ЗEЛEHA oд Бyчкoвcки, oва е крajoт на шapлатaнот вo пpeговopите

Изјави

Бучковски, наградениот преговарач повторно истресе зелени, а остана жив. Дали ќе им дојде крајот на вакви дилетанти во политиката?

бучковски

„Ако не се договориме сега, додека Заев е премиер, ќе влеземе во нова неизвесност“, тресе наградениот претставник на македонската Влада за Бугарија, Владо Бучковски за „Дојче веле“.

„Ќе изгубиме пак многу време, а ние веќе немаме време за чекање! Предолго ја чекавме Бугарија да има политичка Влада. Премиерот Заев останува на позицијата за да го затвори овој процес на преговори со новиот бугарски премиер. Тоа е исклучително важно за утврдување на временската рамка за изнаоѓање на компромисно решение и кревање на блокадата од страна на Бугарија.“ – изјави Бучковски, кој појма нема од процесот на преговори помеѓу САД и Бугарија за ова прашање.

бучковски

Да не заборавиме дека идниот претседавач со ЕУ, Франција има претседателски избори во април. Заради тоа, немаме многу време пред да почне нивната кампања. И завчера на Софискиот форум потенцирав дека прозорецот на можности е отворен сега, потенцира Бучковски.

Овој аналфабет од бугарското прашање, кој го сведе на ниво на Владо Перев удбашот, појма нема дека со Франција прашањата се затворени од страна на САД, а изборот на нов претседател на Шестата Француска Република нема да има никакво значење за бугарските позиции во ЕУ.

Замислете ако заминел Заев од функцијата, ова бил крај на светот, помрачување, ЕУ засекогаш заминува, остануваме непросветлени, сонцето нема да изгрее! Господинот Владо Бучко изгледа се плаши дека само тој нема да постои во тие преговори, нема да стане амбасадор во Бугарија ако си замине Заев, ништо друго нема да се случи на Македонија. Напротив, ќе се тргнат криминалните банди од односите помеѓу двете земји, а решение ќе има од новата генерација политичари!

До кога ќе го трпиме овој шарлатан да одлучува за нашите и судбините на нашите деца?