BAЖHO: HATО истpaга зa Шеќepинcка, кoj е пoдметнaтиoт cpпcко pycки шпиyн

АНАЛИЗА

Скандалот се проширува, НАТО откило четничко дувло во Министерство за одбрана, дирекно конектирани со воениот злосторник Ратко Младиќ!

Скандалот со државниот секретар во Министерството за одбрана Дражо Николиќ, неговите конекции со Србија и идеопоклоник на „четнички покрет Србије“ на злосторниците Дража Михајловиќ и Ратко Младиќ, дел од сектата на Зоран Вранишковски / иќ, секојдневно се проширува. Веќе се откриваат дирекни конекции со злосторникот Слободан Милошевиќ, за што МКДенес ќе извести следните денови. Покрај овој партиски апаратчик, поставен на највисоката позиција во Министерство за одбрана токму поради фактот што е син на српски офицер, дел од аѓутантите на злосторникот Ратко Младиќ, има и десетици други примери на миленици на Шеќеринска кои работат дирекно против македонските интереси и против „натовизацијата“ на македонската одбрана.

Скадалот се проширува со воено лице, полковник Секуловски, кој бил директен соработник на српските злосторници на Слободан Милошевиќ и работел за Ратко Младиќ во рамки на српската војска, одбивајќи да биде дел од АРМ. Во обидот на Шеќеринска да го прикрие идентитетот на овој четник, таа го довела во заблуда и претседателот Пендаровски на кого не му ставила до знаење тој е воен злосторник од Кабинетот на Милошевиќ и соработник на осудениот воен злосторник Младиќ.

НАТО отвори истрага за Шеќеринска, кој е тој српско – руски шпиун полковник Зоран Секуловски?

Одговорите се сложени и бараат многу поголема аналитичко компаративна анализа и аналитичко истражување, но во оваа истрага на НАТО да констатираат директен упад во безбедносниот систем на Алијансата направен токму од Шеќеринска, осмислено и со намера, започнато е со проверка на биографијата на полковникот Секуловски.

Од официјалната биографија на Секуловски Зоран, кандидатот на Шеќеринска за Шеф на мисијата на АРМ во НАТО, може да се види дека намерно е сокриена датата на неговото доаѓање во Армијата на Република Македонија, после осамостојувањето на Македонија од СФРЈ. Добро е познато дека сите офицери кои не сакаа да бидат измеќари на српските интереси и служби на Ратко Младиќ и Слободан Милошевиќ, ја напуштија ЈНА и се вградија во создавањето на македонската АРМ. Останатите останаа под дирекна команда на овие воени злосторници и извршуваа воени злосторства на територијата на поранешна Југославија. Каде е тука кадарот на Шеќеринска?

Со намера да се сокрие вистината, Шеќеринска точно не ја прецизира датата на доаѓање на Секуловски во АРМ, односно сокрива дека тој всушност работел во воениот кабинет на Милошевиќ од каде се издаваат наредбите за воени злосторства, меѓу другото се подготвувала и окупација на независна Македонија. Ниту пак доволно се прикажани одговори на следните прашања кои се од особено значење според основната улога на секторот на НАТО – НОС:

  1. Зошто офицерот Секуловски не се јавил до рокот 15 мај 1992 година да биде припадник на Армијата на Република Македонија;
  2. Каде, што и за кого работел во временскиот период 15 мај 1992 година до есента во 1994 година?

Според сознанијата на НАТО, истрагата покажува дека кадарот на Шеќеринска работел во Центарот за електронско извидување и против електронско војување во Белград во војската на Србија на Слободан Милошевиќ. Тоа значи дека дирекно работел на прислушување на балканските лидери, меѓу кои и македонскиот претседател Киро Глигоров и премиери Никола Кљусев и Бранко Црвенковски, но и на НАТО мисиите и офицери на Балканот, вклучително и американските амбасади во Белград, Скопје, Подгорица и Загреб.

Зоран Секуловски тоа го работел специјално за кабинетот на Слободан Милошевиќ, што е дирекно утврдено од надлежни институции за разузнавање и контраразузнавање во Македонија и во НАТО.

НАТО истражителите проверуваат зошто Секуловски го примиле во АРМ после рокот од 15 мај 1992 година, и тоа после две години во 1994 година? Дали клучна улога во истото имале српските инсталации во Македонија, кои се ментори на кариерата на Шеќеринска? На пример, во хрватската и словенската војска, ниту еден словенски и хрватски офицер кој останал во ЈНА после тој рок, не е примен во нивните армии, а тие офицери се судени за соработка со Слободан Милошевиќ. Само во Македонија таквите како Секулоски се примени во Армијата, а Шеќеринска соработник на Милошевиќ го испраќа во разознавачка мисија како Шеф на АРМ во НАТО, во интерес на српско – руските служби.

Но тоа не е се! Скандалот е уште поголем. НАТО откриле дека неговата сопруга учествувала во демонстрациите и во нападот и палењето на американската амбасада во Скопје. Дополнително, Секуловски бил испраќан на школувања во сите НАТО курсеви, и Американските највисоки воени школи, од каде испраќал разознавачки извештаи во непријателските служби. Токму Шеќеринска стоела позади неговите упатувања на тие школувања и неговите постапки. Во истрагата за овие донесени акти на Шеќеринска се вклучени и две македонски национални служби.

НАТО се запрепастени, Шеќеринска не само што го подметнала овој човек на школувања во НАТО и САД, туку замислете го овластува токму истиот полковник Зоран Секуловски да врши селекција на вработените во Министертвото за одбрана, за спроведување на ВЕТИНГОТ за НАТО. Тоа значи шпиунот да открива, односно да сокрива шпиуни. Со тоа Шеќеринска целосно го компромитирала овој процес на Ветинг, НАТО истиот го отвфрла, а надлежноста е дадена на друга Институција од Македонија. Сите овластувања на Шеќеринска и на Министерство за одбрана се одземени.

Дополнително, српско – рускиот шпиун на Шеќеринска спроведувал политички, а не професионално аналитички процеси на вработените во Министерство за одбрана, при што на многу вработени кои не биле подобни за српско – руските служби им го ускратувал правото за апликација и уништувал кариери. А тој полковник бил најнедоверливиот според критериумуте на НАТО!

Истрагата утврдува дека Шеќеринска форсирала и стекнала најголема доверба во човек, кој може да изврши политичка, а не експертска анализа за вработените за ВЕТИНГ, со негов потпис ги намалува на бројка изразена во проценти повеќе од 70%, и со тоа без да можат да покренат постапка за апликација за НАТО безбедносен сертификат, иако тоа е надлежност на други овластени лица во Минситерството за одбрана и ДБКИ. Со тоа Шеќеринска ги „сокрила“ од НАТО вистинските чесни офицери на АРМ, а подметнувала српско – руски шпиуни.

Но останува голема енигма дали не се кријат и други прашања за дејствувањето и улогата на Шеќеринска во безбедносниот сектор во Македонија, кои се обврска на други инстиутуции, заборавајќи ја основната функција на НОС на НАТО? Дали овој е изолиран случај или истото се повторува со генерали и највисоки државни службеници во МО за што МКДенес наскоро ќе информира!

НАТО констатирале дека Шеќеринска ги прекршила и основаните принципи на правото, поврзани со човековите права и слободи, каде „Владеењето на правото Е ЕДНАКВО на принципот на правна сигурност“, што е основен предуслов за НАТО и ЕУ интеграциите. Шеќеринска наместо да ја овозможи демократијата, владењето на правото, обезбедување на човековите права и слободи согласно закон, обезбедувања на правна сигурност, зацврстување на граѓанскиот концепт на државата и друго, таа спровела десетици процедури на покренување дисциплински постапки и процеси на дискриминација кон „неподобните“ офицери и вработени во МО, кои одбиле соработка со ваквите српско – руски шпиуни како Секуловски.

Истрагата продолжува, МКДенес ќе известува!