ХАОС Србија: ВУЧИЌ потона, што му требаше со Заев тикви да сади

Балкан

Протести со блокади се одржаа и во Нови Сад, Ниш, Крагуевац, Крушевац, Ужице, Зрењанин, Јагодина, Нови Пазар, Лесковац, Врање, Шабац. Крајот на Вучиќ се гледа, што му требаше Отворени Балкани и друштво со Заев? Кој со него тикви сади, потона!

Се остварува сценариото според кое Вучиќ има рок до крајот на 2021 година да го реши Косово, во спротивно ќе заврши како Груевски во Македонија. Рокот истекува, а секако нема да го спаси Отворени Балкани со Заев или воени судири со Косово или Босна. Едноставно мора да ја заврши домашната задача или неговото заврши!

Од никој никаде, сосема „случајно“ се појавија масовни протести мотивирани од иницијативата „Започни со промени“, а денеска го блокираа главниот град на Србија, Белград, како и уште 50 населени места ширум целата држава.

Масовните протести се организирани поради повлекувањето на Законот за експропријација и измените на Законот за референдум и народна иницијатива.

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, кој беше на средба со граѓаните во околината на Лозница, изјави дека нема да го укине Законот за референдум, наведувајќи дека Србија нема да ја водат оние кои нема да победат на изборите.

Најмасовни протестите беа во Белград, на мостот Газела, како и на Мостарскиот јазол и Славија, кај Сава Центар, а блокади имаше и на Панчевскиот мост, Пупиновиот мост, Теразије, Бранковиот мост и во друго делови на Белград. За време на протестите забележани се и неколку инциденти и провокации, меѓу кои и фрлањето на факели на група од 20 маскирани лица од мостот Газела врз демонстраните.

Протести со блокади се одржаа и во Нови Сад, Ниш, Крагуевац, Крушевац, Ужице, Зрењанин, Јагодина, Нови Пазар, Лесковац, Врање, Шабац…

Четворица студенти беа нападнати и претепани во Нови Сад од триесетина млади момчиња, сите облечени во црно. Марко Максимовиќ, еден од претепаните студенти, за Н1 изјави дека тој и тројца негови другари биле тепани и малтретирани без причина.

Српското Министерство за внатрешни работи соопшти дека секоја сообраќајна блокада и одржување нерегистрирани собири е прекршување на законот и дека целата одговорност за се што може да се случи на ваквите собири е исклучиво на нивните организатори.

Дали ова е крајот на српскиот диктатор Вучиќ, како што го нарекуваше Заев, пред да се здружат и двајцата зафркнат?