
За кого ги ЗГОЛЕМИЈА средствата во државниот буџет?
Владата денеска прифати 23 од вкупно предложените 382 амандмани со што усвојувањето на буџетот за 2022 година влегува во завршна фаза во Собранието.

Владата ја ревидираше и фискална стратегија на Македонија за 2022-2024 – со изгледи до 2026 – клучен инструмент за среднорочно буџетско планирање.
Стратегијата предвидува фискална консолидација и одржливост на јавните финансии како и зголемување на реализацијата на капиталните инвестиции.