Што го замолчи Апасиев?

Македонија, Политика

Апасиев беше познат по неговите екстремни настапи. Полни со говор на омраза. Тврдеше дека доколку влезе во Парламент ќе се избори за права на работниците, сиромасите. Ќе ја уништи мафијата. Но ништо од тоа. Откако седна во кожна фотеља, заборави на народот.

Пред месец дена имаше полемија во Парламен помеѓу Заев и Апасиев. После таа полемика, Апасиев бзо замолче и исчезна од јавноста. Дали се исплаши од тоа што Заев се закани дека ќе го објави за него?

Имено, Премиерот Зоран Заев по прашањето од Димитар Апасиев дали е вистина дека се обидел да купи пратеници, му рече дека тоа е исто како тој да го праша дали е вистина или шпекулација дека СДСМ и обезбедила ресурси на Левица за да и одземе гласови на ВМРО-ДПМНЕ.

-Не може ем да обвините ем да избегнете одговорност за обвинувањата. Лидер во опозиција вади докази и ги вади во јавноста. Тоа е исто како да ве прашам дали е вистина или шпекулација дека јас и вие сме се договориле да ви ги обезбедиме сите ресурси на изборите само да одземете гласови од ВМРО-ДПМНЕ и при тоа да дадете директен одговор дали е вистина или шпекулација дека договоривме да нѐ поддржувате понатаму ако освоите пратеник. Вака реторички прашања нема да ве однесат никаде на функција туку ќе ја разобличите една левичарска идеја. Знам ве гледам се борите, сам сте и тоа е во ред, но вака не. Вака нема да постигнете ништо, ова не му личи на политичар и пратеник, рече Заев.

Погледнете снимката од обраќањето во Парламент:

https://www.facebook.com/watch/?v=394812858442350