ПУTИH мoли зa cpeдбa cо Бajдeн, дaли ќe гo пpифaтат

Свет

Кремљ денеска соопшти дека молат за средбата во форма на видео конференција меѓу претседателите на Русија и САД, Владимир Путин и Џо Бајден, но дека Москва сеуште го чека конечното одобрение од Вашингтон. Русите предложиле можни термини и датуми, кои евентуално би му одговарале на Бајден.

Кабинетот на Путин истакнува дека може да биде барем една кратка конференциска врска, но дека немаат потврден одговор.

Советникот на рускиот претседател Јури Ушаков изјави дека се надева молбата да им биде прифатена и разговорите меѓу двајцата лидери ќе се одржат во следните неколку дена, пренесува ТАСС.