MEГA CKAНДAЛ: Шeќepинcка нa cтpaнатa нa Гpyeвcки, дaли e фaтенa нa дeлo

АНАЛИЗА

Состојбите во СДСМ се влошуваат, како се приближува денот на избор на претседател на партијата. Покрај единствениот сериозен кандидат Димитар Ковачевски, поддржан од коалицијата Заев – Црвенковски, може да се кандидира и поранешната лидерка на партијата Шеќеринска, која има своја посебна структура во СДСМ, но и надвор од партијата. Таа беше изшутирана од СДСМ од двајцата премиери, прво од Бранко Црвенковски потоа од Зоран Заев, поради основани сознанија дека таа е во спрега со истата врхушка и мафија која стои зад Никола Груевски.

Обидот на Шеќеринска да се врати во СДСМ и тоа на лидерската позиција е веќе сериозно опсервиран и од странски служби, кои гледаат свои интереси во истото. Бидејќи на нив им е добро познато и известуваат дека таа потекнува од семејство кое било 50 години во милост на српската служба, а медиумите јавуваат дека токму куќата на шефот / генералот на ОЗНА / УДБА во Дебар Маало е „подарен“ на Рада, проценката е дека таа би била совршен лидер на СДСМ и нов премиер, кој ќе ги сопре разговорите со Бугарија, ќе предизвика нова криза во односите и нема да успее планот за проширување на ЕУ на Балканот.

Тоа совршено одговарало на стратегиите на Груевски за минирање на европските процеси и за негово враќање во земјава како слободен човек. Шансата била препозната уште пред Локалните избори ’21 година, каде била искористена слабоста и навредата кај Шеќеринска од Заев, кој не само што ја изшутира од заменик во партијата, туку и ја замени со младата Сања Лукаревска, која Шеќеринска најдлабоко ја презирала и постојано барала нејзина смена од директор на УЈП.

Искористувајќи ја таа слабост, дипломатите потврдуваат дека луѓето на Груевски и пристапиле и и’ понудиле нешто кое не може да го одбие. Тоа било дирекна поддршка да му се одмазди на Зоран Заев, тој да изгуби на локални избори, а потоа таа да биде лидер на партијата и премиер. Против услуга било побарано да прекине прогонот за Груевски и неколкумина негови пулени, кои сеуште се во земјава. За да бидат поуверливи, пораките и гаранциите кон Рада пристигнале од странски источни служби преку нејзините најблиски соработници во Министерство за одбрана и АРМ, кои се констатирани како српско – руски информатори, и се одбиени да бидат поставени на позиции во НАТО и АРМ и не им е даден НАТО безбедносен сертификат.

Одговорот на Шеќеринска е повеќе од јасен. Таа целосно ја минира кампањата на СДСМ на овие локални избори, особено во општините каде има дирекно влијание, како Битола, центар на ИЕ5, каде Шеќеринска била многукратно носител на листите на СДСМ. Во Битола кандидат од ВМРО ДПМНЕ беше Тони Коњановски, брат на предходикот на Шеќеринска, министер за одбрана Зоран Коњановски.

Нашите информации од кабинетот на Шеќеринска говорат дека таа буквално во раце го држи семејството Коњановски, со веќе документирани и завршени истраги за криминал на поранешниот министер Коњановски, најблизок соработник на Груевски. Доколку Шеќеринска посакала, во Битола ќе изгубеше братот на Коњановски со објава на само една од четирите кривични пријави за нејзиниот колега.

Извори од воената служба на АРМ говорат дека истрагите за Коњановски се однесуваат за тежок криминал во повеќе случаи, како со изградба на новиот воен аеродром и Школа за пилоти, од каде исчезнале најмалку 5 милиони евра во насока на една турска банка. Безобразноста на Шеќеринска одела до степен да го покрие тој криминал на Коњановски, бидејќи веќе паднал договор за соработка со екипата на Груевски. Таа зад грбот на СДСМ и Заев, на среде изборите во Министерството за одбрана на функција раководители на Сектори ги враќа најлојалните кадри на Коњановски и како што информираат самите тие, им дава одврзани раце да „ги средат“ предметите на поранешниот шеф.

Токму тие веќе проверени криминалци и разрешени од министрите од ДУИ Бесими и Џафери, Шеќеринска ги поставува на клучните два сектори каде може да се „покрие“ аферата Воен Аеродром. Од нив таа добила предлог како да се покрие разликата во парите исплатени за корупција, преку исплаќање на царинската такса, замислете од страна на државата и тоа во 2021 година за проект на Коњановски од 2010 година. Дали Коњаноски и ветил дел од парите и за Шеќеринска, за сега немаме потврда?

Имено, тогашните изведувачи од странство, материјалите кои ги вградувале во објектите на воен аеродром, ги внесувале како репроматеријали за преработка и нефинални производи, иако станува збор за готови производи за вградување на објекти, со што одбегнале да платат царина. Така издвоиле милиони евра за исплата на митото кон власта на Груевски. Новите шефови на сектори, лојални на Коњановски кај тимот на Груевски, поранешен шеф на логистика, информирале дека Шеќеринска е лојална и послушна, и започнала постапка за покривање на тие царински обврски и тоа од Бучетот на Република Македонија!

Оваа афера е една од помалите во Министерството за одбрана, особено ако се знае дека Шеќеринска спроведува јавни набавки скоро 5 години во име на Армијата и Министерството. МКДенес располага со целокупната документација за овој скандал, а истата ќе биде предадена и на Јавното Обвинителство на Македонија и на МВР. Аферите ќе бидат објавувани една по една, за македонските граѓани имаат точно претстава кој ги управува и располага со нивните пари.