Телефон што неможе да се хакира!

Технологија

Мобилниот телефон на кралицата Елизабета Втора е еден од најзаштитените во светот, а наводно е невозможно да се хакира.

Станува збор за Samsung кој е заштитен од страна на МИ6, а за полнење на батеријата е задолжен личниот асистент на кралицата.

„Кралицата најмногу го користи за да разговара со нејзината ќерка, принцезата Ана и менаџерот на коњски трки Џон Ворен“, рече Џонатан Сакердоти, експерт за кралското семејство во подкастот во САД.

Иако во последно време не и е добро и лекарите ја советувале да не се напрега, таа сепак ќе биде домаќин на семејството за Божиќ.

„Кралицата рече дека се чувствува многу подобро и со нетрпение очекува да ги пречека своите гости за Божиќ“, изјави извор за Дејли Мејл.

Минатата година беше полна со драматични настани за кралското семејство, а ова е прв Божиќ за кралицата без принцот Филип и внукот Хари.