
PУCKAТА цpквa cе pacпaѓa, oвиe eпapхии cе oтцeпyваат
Руската Црква – Московска Патријаршија се распаѓа поради фактот што е во конфликт со сите помесни православни Цркви, вклучително и МПЦ – ОА, па се до Вселенската Патријаршија. Таа Црква никогаш не се ослободи од болшевизмот и слугувањето кон комунистичките тајни служби до денес.
Берлинскиот и на цела Германија митрополит Марк, од Руската задгранична православна Црква која не беше под контрола на болшевиците, а пред некое време се обедини со Московската болшевичка патријаршија веќе ја увиде грешката и им забранил на светштениците од својата епархија да служат со претставниците на новоформираната Западноевропска болшевичка архиепископија на РПЦ-МП со седиште во Париз.
Сличен ваков потег повлече и митрополитот на Западноевропската епархија на РПЦЏ-МП, Иринеј во септември.
Во 2007 година Руската задгранична црква се припои кон Московската патријаршија по речиси 100 години раскол, но ја запази својата до одреден степен самостојност и структура. Поглаварот Марк призна дека со оваа одлука за враќање кон Москва, црквата загуби многу луѓе кои не сакаа присоединување со Московската патријаршија. Зад нивни грб, Москва создаде паралелна црква под контрола на тајната служба, со цел да ги уништи т.н. „царисти“ од западна Европа. Тоа е доволна причина за нов раскол и постоење на повеќе руски Цркви не само во Европа, туку насекаде низ светот.
Во 2019 година во Западна Европа се појави уште една црковна структура со руски предзнак, Западноевропска Архиепископија на РПЦ-МП со центар во Париз. Официјалната титула на поглаварот е Архиепископ на православните руски цркви во Западна Европа, митрополит Јован. Тој е целосно под контрола на руските болшевици. Секоја Црква си има свој расколник и болшевички слуга Јован, како што е и нашиот Зоран, кој лажно се претставува како Јован.
Таа се појави откако Вселенската патријаршија во 2018 година одлучи да го распушти својот руски егзархат за Западна Европа и парохиите да ги препушти на локалните грчки митрополии. Тоа доведе до распад на структурата, која главно беше во Франција. Дел од парохиите на чело со Митрополитот Јован одлучија да се потчинат на Московската Патријаршија и да создадат своја руска административна цркован структура во Западна Европа. Но сега се појавува проблем во самата руска црква.
Слични вакви содејствија под контрола на болшевиците се случуваат и во МПЦ – ОА, каде кумановскиот епископ Григориј е целосно под руска контрола и злоставување, особено под расчинетиот Јосиф, кој го донесе на таа позиција.
Тие планираат на ист начин на кој се уништува вистинската руска Црква во западна Европа, да ја уништат и МПЦ – ОА со создавање на паралелни структури под контрола на болшевичките служби и расколникот Зоран Вранишковски.