ИЗМЕШАНО добро утро

Добро утро

пишyвa д-p. Aмaтepкaтa, вoнpeдeн пpoфecop нa eдeн фaкyлтeт

Измешани лончиња и капачиња

Моменталната состојба во која се наоѓаме се’ повеќе наликува на општ хаос во кој не се знае „ни кој јади ни кој пие‘‘. Кога требаше да се подготвуваме  за ублажување на последиците од економската криза, власта се занимаваше со дневна политика и потсетуваше на претходниот режим. Така неподготвени ја дочекавме и пандемијата која ни обезбеди дополнителна здравствена криза.

И тогаш, наместо да се донесат ефективни превентивни мерки, ресорните министерства акцентот го ставија на личниот бенифит од истата. Ние бевме една од последните држави кои набавија вакцини. Поточно, одбивавме да набавиме поради несоодветните „услови” кои ги нудеа на власта, па мораше да бидеме на листата на земји на кои им е потребна донација. Премиерот и министерот за здравство направија спектакл од донациите и ги претставија во јавноста како голем нивни успех. Поужасно и не можеа. За одговорност ниту сакаа да слушнат бидејќи беа убедени дека тоа е најдоброто што можат да го направат. Пандемијата го направи своето.

Зеде многу жртви и ја доуништи економијата. Владата и тогаш ги измеша лончињата. Донесе низа селективни мерки врз база на лични желби и повторно за нечии интереси. Народот оставен сам да се снаоѓа како знае и умее, изгуби секаква надеж во надлежните институции, остана безпомошен да ја живее реалнота. Ги измешаа лончињата правејќи непринципиелни комбинации помеѓу личните интереси и јавниот интерес. Ваквиот начин на менаџирање ни донесе низа катастрофи со страшни последици.

Одговорноста отсуствуваше после секој трагичен настан. Кога првиот помеѓу еднаквите Заев се обиде да ги среди лончињата, сфати дека немаат соодветни капачиња и дигна раце од нередот! Сите претходни неуспеси ги неутрализираше со единствениот успех членството во НАТО, без да превземи радикални мерки за подобрување или ублажување на последиците од претходно стореното. Намера за подобрување ни на повидок.