заев

ПРАВДАТА на Зоки и другарчињата

АНАЛИЗА

Не постои граѓанин кој не се сеќава на ветувањата на Заев за правна држава, одговорност за криминалците на Мијалков и Груевски, за што и ја доби поддршката на граѓаните да управува со земјата. Но што во реалноста се случува? Каде е правдата, каде е одговорноста, каде е отчетот пред граѓаните? Тука е, само ние не го гледаме!

Одговорот го добивме преку миленикот на сите власти, Зоран Милески од Кичево кој не се штеди ниту себе си ниту своите блиски, само да биде блиску до власта. Така и Зоки од Струмица падна на шармот на Зоки од Кичево. Тој не само што е заштитена бела мечка на власта, туку и доби условно шест месеци затвор за сообраќајка во која уби човек, потврдија од Обвинителството. Освен еден загинат во несреќата повредени беа и 7 лица.

Според Обвинителството Зоки од Кичево е часна сестра, а тоа што претекнувал на полна лента во спротивен правец било само случаен момент на негрижа, за што часниот Зоки се каел и признал дека само малку му летнале мислите. Тој иако и претходно е осудуван, што се смета за отежнувачка околност, сепак за сообраќајка во која загина едно лица доби најниска казна, односно 6 месеци условно, што не е казна. Обвинителството смета дека сообраќајката пречесниот Зоки од Кичево ја сторил од небрежност. Тука веќе го имаме одговорот на прашањата од почетокот на овој текст. Еве ова е правдата на Зоки од Струмица.

Најважно е што од резултатите на извршените вештачења произлезе дека осомничениот во критичниот момент немал траги од алкохол или опијати во крв и урина, а не е важно што имал 5 минути предходно или покасно. Во стилот на овие Зоковци, преку бранителот на кичевскиот Зоки се поднела предлог-спогодба за признание на вина со која предлагаа условна казна затвор за стореното кривично дело.

Според ОЈО Гостивар, на 4 септември, на магистралниот пат Кичево-Гостивар, осомничениот како учесник во сообраќајот на јавните патишта не се придржувал кон прописите и го загрозил јавниот сообраќај, но сепак силно се кае. Затоа не е фер да одговара така потврден чесен граѓанин за пример на нашата Република. Тоа што собраќајката ја направил со приватниот џип на Орце Камчето, воопшто не зборува за поврзаноста на овој чесен граѓанин со криминалецот во Шутка.

Замислете кој скандал, поради опасност од бегство, можност за влијание врз сведоците, оштетените и можност за повторување на делото, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Гостивар достави предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице. А тој требаше да биде во затвор и во моментот кога се одлучил да гази луѓе по улици. Но тоа не е се!

Кическиот Зоки по определениот притвор поминал во Истражниот затвор во Шутка само 3 дена. Тој беше неправедно вратен да го одлежува стариот затворски рок и тоа замислете во затвор во Струга, кој е од отворен тип. Тој е осуден на казна затвор од 3 години за случајот „Рекет“ каде што исто така призна вина, а никогаш не остана во затвор. Битно Зокивци го уништија СЈО во содејство со чесните граѓани Орцето и Сашето. Милевски влегол во Истражниот затвор во Шутка на 7 септември околу 21.30 часот, а излегол по само три дена, на 10 септември околу 17.30 часот. Да живее правдата на ЗОКИ!