ЗAПAЛEНА цигapa, eве штo пpeдизвикyва

Храна и Здравје

За да дојде до процес на согорување, потребни се 3 работи: гориво, кислород и топлина. Кога станува збор за цигарите, тутунот е горивото што го снабдуваме со топлина, главно во форма на отворен пламен од запалка, додека кислородот доаѓа од воздухот. Како производот од процесот на согорување на цигарите, покрај топлината и занемарливата количина на светлина, се формира и чад. Со вдишување на чадот од запалена цигара се внесуваат огромен број на докажано штетни и потенцијално штетни материи.

Запалената цигара ослободува повеќе од 6.000 материи од кои околу 100 се докажано штетни и потенцијално штетни, како амонијак – кој се користи во средствата за чистење на домаќинствата, арсен – отров против штетници, бензен – се користи за правење на лепила и средства за чистење, јаглерод моноксид – отровен гас, формалдехид – се употребува како вештачко ѓубриво и пестицид, цијанид – што претставува смртоносен отров, како и тешки метали како олово, берилиум и кадмиум и тн.

Сите овие материи кои се присутни во чадот од цигари, а се создаваат при согорување на тутунот го уништуваат и оставаат последици по здравјето на пушачите и непушачите кои се во нивна непосредна близина преку пасивното пушење. Тие последици се манифестираат преку проблеми со белите дробови, инфаркт, мозочен удар, но и малигни заболувања.

Научните студии покажаа дека како што се зголемува температурата на тутунот, се формираат повеќе штетни хемикалии. Процесот на палење цигара започнува на температура од околу 400 степени целзиусови кога тутунот почнува да гори и создава чад. Во моментот кога сметаме дека цигарата е запалена, нејзината температура достигнува преку 600 степени целзиусови.

Сепак, она што повеќето пушачи не го знаат е дека никотинот, што е една од причините зошто луѓето пушат, се ослободува од тутунот на пониска температура од 247 степени целзиусови. Никотинот, како природна состојка во растението тутун, иако не е без ризик, и создава зависност не е примарна причина за болести поврзани со пушењето.