Реакција на Богојески за наводната дисциплинска во МО

Изјави, Македонија, Политика

Минатата седмица имаше актуелна преписката на темата Палестина. Таа е помеѓу државниот советник во Министерството за обрана, Петар Богојески од една страна. И тоа во својство на лидер на политичко движење Македонски концепт, а не како ДС во МО. Од другата страна е една позната терористичко – џихадистичка група од Скопје.

Од страна на двајца претставници на џихадистичката банда беше соопштено дека МО покренало постапка. И тоа постапка за утврдување на дисциплинска одговорност за Петар Богојески. Причините биле ксенофобични објави на социјалната мрежа Фејсбук.

Од таму, по новинарско прашање од ТВ21 велат дека е покрената постапка. Врз основа на Законот за административни службеници, Кодексот за административни службеници и Етичкиот кодекс на вработените во МО и Армијата.

„Министерството за одбрана не толерира било каква форма на дискриминација. Административните службеници во јавните настапи на социјалните мрежи или во каков било друг облик на комуникација. Треба да претставуваат пример за соодветно и достоинствено однесување“, велат од министерството за ТВ21.

МКДенес побара изјава од ДС Богојески за информацијата која на социјалните мрежи ја соопштуваат џихадистичките терористи.

Богојески извести дека веќе дал изјава за други медиуми. Дека има други надлежни за односи со јавност во МО.

Ја пренесуваме содржината на таа изјава:

„До овој момент, јас немам никаква службена информација за постоење на таква постапка. Ниту до мене е доставена иницијатива од наделжно лице, согласно Закон. Доколку такво нешто навистина постои, откако ќе добијам соодветна документација ќе можам да ги коментирам аргументите.

Забележав на социјалните мрежи наводна изјава од МО. Дека таква постапка е покрената. Таа изјава на МО беше злоупотребена од една терористичко – џихадистичка келија во Македонија. Терористите се обидоа да се пофалат и да прикажаа дека Радмила Шеќеринска, но пред се МО, а со тоа и НАТО, застануваат на страна на џихадистичкиот тероризам на Хамас и здруженијата за „слободна Палестина“. Во тие терористички групи активисти се тие лица.

Можеби тој што ја дал таа изјава, доколку е вистинита, не бил свесен што прави. Ова не е Шарената револуција, па да си играат држава. Ова е Министерство за одбрана на натовска Македонија. Со таа изјава натовската АРМ и натовското МО ги ставаат на страната на џихадистичко терористичко криминални групи и келии во Македонија.

Секако нема да замолчам и да подлегнам на политички притисоци и реваншизам од Шеќеринска. Таа е актвист со различни политички убедувања од мене. Доколку мисли дека нејзините убедувања ќе ги наметне врз мене, многу се лаже. Мојот опозициски курс несопрено ќе продолжи.

Очекувам МО да се допрецизира во изјавата. Лично јас ќе побарам објаснување од надлежните за односи со јавност на МО.“

се вели во изјавата на Богојески.