БОЖИЌНИ пости, ова се препораките од Отец Пимен

РЕЛИГИЈА

Веќе започнаа Божикните пости. Како се пости, кои денови се строг пост, кој како да пости? Сите овие прашања јавноста ги отвара редовоно, а на социјалните мрежи има различни коментари.

Еве еден совет од отец Пимен како да постите.

-Често си го поставуваме прашањето кој е најисправен типик за постење? Кои денови се на вода, кои на масло, а кои на риба?

И ќе најдете на многу места како и тука правило на постот.

Сепак ќе ви кажам дека најисправен е оној кој вашиот духовен отец ќе го прилагоди на вашата возраст, на вашето здравје, на вашето работно место, на вашата желба за подвиг…

Нека бидат и овие пости благословени и богоугодни, па во радост да го дочекаме Рождеството Христово.

И да. Подобро е некогаш да погрешите каснувајќи или не капка масло, отколку јалово да водите препирки со браќата чиј типик е поправославен, напиша отец Пимен на Фејсбук.