
Жално! Вардар уништен, Скопје без станица
Институтот за комуникациски студии изготви приказ на загаденоста на реката Вардар. Во фокусот на тоа истражување е проектот за изградба на „Пречистителна станица за град Скопје“!
Согласно објавеното пред македонската јавност, до сега пречистителната станица требаше да биде започната со градба. Но реалноста е дека сè уште се чека да почне изградбата. За таа пречистителна станица во Скопје, државата на крајот на 2019 година склучила договор за заем. Од европските банки земен е износ од 136 милиони евра. Информациите се дека проектот ќе се одложи. Предвидува првата фаза од изведбата на пречистителната станица да биде готова до 2035 година. Се предвидува цврстиот отпад да се носи на Дрисла, а тињата да се согорува и да се користи како ѓубриво во земјоделството.