CPБИJA пpoдолжyва cо плaќањe нa дaнок нa милocт кoн Пyтин (BИДEO)

Свет

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, по разговорот со рускиот претседател, Владимир Путин, најави дека српската армија до крајот на годинава ќе го добие нов против-тенковски систем наречен Корнет. Тој посочи дека оваа набавка е многу важна за српската армија. Секако тоа е обврска секоја година Србија да плаќа арач за руско непотребно оружје и да го чисти ѓубрето од руските воени магацини. Тоа Србија ја кошта милијарди.

Путин му покажува филмови на Вучич дека нема тенк, оклопно возило или бункер што рускиот пренослив против-тенковски систем Корнет не може да го уништи. За тоа немало гаранции, ама така велат фабричките податоци и тестови на полигоните. Демек фалиме усто, ќе те раскинам. Тие кои продаваат такво ѓубре, викаат најдобро е. А Вучич мора да се прави на Тошо и да клима со глава и да плаќа за тоа ѓубре.

Која е тајната? Русија гарантира непризнавање на Косово во Совет на безбедност во ООН, а Србија за тоа плаќа рекет. Корнет 9M133 е конструиран од советскиот институт во градот Тулу, а времето одамна ги погазило. Експертите од овој институт исто така го дизајнираа и Panzer S1 и ги презентираа иновациите во светот на ракетното и топовското оружје, кои во пракса се покажаа како неупотребливи.

Корнет е направен така што екипажот од двајца војници треба да го инсталираат на отворено, а до тогаш ќе бидат неутрализирани по брза постапка. Лажна вест за продажба е информацијата за дострел од 5,5 километри, а деструктивната моќ е приказна за деца наспроти современите системи за оклопна заштита.

Оружјето е веќе застарено од 1998 година, но Вучиќ е приморан да го плати. Корнет може да погоди цел што се движи со брзина од 70 километри на час, а современите  тенкови и најголемиот број на оклопни возила се движат многу побрзо. Што значи овој систем е неупотреблив во пракса.

Тежината на целиот систем со ракетата и единицата за лансирање е 67 килограми. Тоа е огромен дефект на системот, но проблемот ќе го решеле Србите ако нашле екипаж за товарење, демек билдери кои ќе го носеле на грб.

Корнет лажно прикажува дека може да биде поставен и на куполите на оклопните возила и на гасеница со екипаж, бидејќи тој е претежок и за еднократка употреба. Никој во свет не инсталира системи за една употреба.