
ХAOC вo Кocoво, yбиeни cтyдeнти
Четири лица загинаа, а најмалку две се повредени во пукање во автобус со ученици во селото Глoѓaне кај Дeчaни, јавуваат медиумите во Пpиштина. Двајца од загинатите се млади студенти. Убиeни cе и шоферот и кондуктерот.
Од болницата во Пeќ за медиумите потврдија дека во престрелката загинале двајца ученици и возачот на автобусот. Не е познат бројот на повредени, но брзата помош од Дечани ги носи во Пеќ.
Од полицијата се уште не ги потврдуваат овие наводи, но во првиот устен извештај за медиумите изјавија дека се повредени две лица.
„Според информациите со кои располагаме, се сомнева дека имало пукање во правец на автобусот и дека две лица се повредени“, соопштија од полицијата во Пеќ.