НОВ грб на Македонија, дали ќе биде прифатен, Ахмети потпишал изјава

Македонија

Македонската јавност беше известена дека е постигнат договор за нов грб на Македонија помеѓу ВМРО ДПМНЕ и ДУИ, за кој Ахмети потпишал писмена изјава и таа се наоѓа во архивата на поранешниот премиер Груевски.

Таа тема подолго време е заборавена, особено после откажувањето на ДУИ да гласа во Парламент за новиот предлог. Сепак отворени се можностите за нов грб на земјава. Во таа смисла највеќе говорат похрабрите политичари или политички структури. Од Македонски Концепт дознаваме дека дел од македонските хералдичари работат на нов предлог за грб на Македонија, а истите сакаат промоцијата на предлогот да ја направат преку оваа политичка платформа за промоција на иновативни политики.

македонски концепт

Од таму известуваат дека предлогот ќе биде дел од понудата на оваа политичка организација за следните Парламентарни избори 2022 година, а изработката се базира на две насоки, одраз на мултиетничкиот карактер на општеството или одраз на територијалниот опфат на денешна Македонија. Во секој случај, желбата е да се напушти стариот социјалистички грб, но останува опцијата и врз база на истиот да се изведе ново решение, во поглед на мултиетничноста.

Македонски Концепт посериозно ја разгледува територијалната форма на новиот грб, базирана на двете клучни територијални единици на кои се простира денешна Македонија, а тоа е Македонија и Дарданија.

Според тој пристап, новиот грб на Македонија треба да биде налик на земските грбови на Македонија и Дарданија, кои се исклучително слични.

Зависно од која верзија ќе се избере, станува збор за црвен лав, едно или двоопашест, на жолто или бело поле, со или без копје или меч, свртени еден кон друг, а круната која е идентична од двата, би останала на новиот грб. Сепак работната верзија нема да се објавува до конечно финализирање и подготовка за презентација пред јавноста.

Ова решение ќе биде целосно прфатливо и за Алабанците, кои Дарданија ја перцепираат како дел од албанскиот свет во минатото. Вака ќе добиеме взаемно прифатлив грб, кој сепак ќе биде базиран на историското наследство на земските грбови од територијата на денешна Македонија.