TEЖOK CKAНДAЛ: Eкcклyзивнo кoи cе БECA TPAНС и штo paбoтеле

АНАЛИЗА

Во трговскиот регистар се запишани шест правни субјекти кои во својот назив имаат БЕСА ТРАНС. Сите шест се со дејности поврзани со копнениот сообраќај и кај ниту една од нив не е запишана лиценца/одобрение за вршење на дејноста.

Од нив само две се регистрирани со седиште во Скопје и двете на иста адреса. Едниот субјект е Друштво за транспорт, производство, промет и услуги БЕСА ТРАНС 2 & БТ 2000 ДООЕЛ увоз-извоз Рашче Сарај Скопје чиј сопственик е лицето Мереме Хаџиу, а вториот Друштво за транспорт, производство, промет и услуги БЕСА ТРАНС БТБ ДООЕЛ експорт-импорт Рашче Скопје на кој сопственик и управител е лицето Беким Хаџиу.

Иако согласно Законот за превоз на патници во член 13 и 14 е предвидена ЗАДОЛЖИТЕЛНА ЕВИДЕНЦИЈА на податоците за превозниците, сепак истата е повеќе од очигледно дека не се ажурира. Согласно Законот, евиденцијата ги содржи следните податоци:

Евиденцијата ги опфаќа следниве податоци:

– матичен број, даночен број, назив и седиште на превозникот,

– име и презиме на одговорното лице за превоз и број на сертификат за професионална компетентност на управителот, односно овластено лице одговорно за превоз,

– број и важност на издадената лиценца, вид на превози за кои лиценцата е издадена, марка, тип и регистарски број и други податоци за возилата за кои е издадена лиценцата,

– име и презиме, единствен матичен број (ЕМБГ) и сертификат за учество на возачите во меѓународниот патен сообраќај,

– дали е во сила правосилна судска одлука за кривични дела против имотот, стопанството или безбедноста во сообраќајот,

– податоци за намирени обврски по основ на јавни давачки и

– изречени мерки против превозници врз основа на овој закон, односно на меѓународни договори.

Исто така истата законот предвидува да се води во повеќе бази истовремено и тоа: Министерството за внатрешни работи, Централниот регистар на Република Македонија, Царинската управа, Министерството за финансии, надлежниот првостепен суд и на Фондот за пензиско и инвалидско Осигурување. И покрај тоа ова возило повеќепати во минатото и овојпат поминало „незабележано„ покрај царинската контрола, но и контролите од МВР.

Истиот субјект има регистрирано подружници со други дејности кои подлежат на одобренија од надлежни органи. Субјектот врши дејност на туристички агенции и лизинг на автомобили за кои нема евиденција дека поседува соодветно одобрение од надлежен орган.

оливер спасовски

Согласно Закон за дејноста 77.11 Изнајмување и давање под закуп (лизинг) на автомобили и моторни возила од лесна категорија, одобрение издава Министерството за финансии на РСМ. Како и дали овој субјект работи со оваа дејност не можеме да знаеме за тоа треба да се погрижи надлежното министерство навремено, пред да биде доцна.

Но знаеме дека неажурноста на МВР и Царинската управа е соочесник во трагедијата. Ваквото аматерско менаџирање со институциите на системот не гарантира безбеден живот на граѓаните и за тоа се потребни ИТНИ и РЕСТРИКТИВНИ мерки ВЕДНАШ! Одговорност за стореното и превенција за да не се повтори во иднина.