
МЕГА ЕКСКЛУЗИВНО: „Портпаролот“ на БЕСА ТРАНС известува за тубите со нафта
Како што соопштија од компанијата, и моите првични информации се дека немало туби со гориво во предниот дел од автобусот. Меѓута, истрагата тоа треба да го покаже, вели „портпаролот“ на Беса Транс и времно министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски во емисијата „24 анализа“.
Тој информира дека се што ќе биде наредба од ОЈО, како МВР ќе ги обезбедат документите и ќе достават, до Бугарското јавно обвинителство. „Портпаролот“ не извести што ќе преземе во рамки на неговите овластувања. Сепак ќе почека да му кажат.
Не можам да прејудицирам колку би траела истрагата, што ја води друга држава. За нас е важно да се утврдат сите факти. Од интерес за сите нас е истрагата да биде кратка и ефикасна. Секако ако истрагата ја водеше Вулин и соседна Србија, портпаролот ќе беше однапред задоволен и ќе соопштуваше ексклузивни информации од текот на истрагата.
Ако ме прашувате мене дали треба да се прошири истрагата, мислам дека тоа треба да се направи, со цел да ги покриеме сите можно аспекти на ваков случај. Никој не смее да изостане од одговорност, доколку ја има, одговори Спасовски на прашањето што мисли за најавите дека истрагата за автобуската несреќа би можела да трае и до 6 месеци.
Министерот кажува што требало, а никако да го направи тоа за кое кажува и е надлежен!