ПЕНДАРОВСКИ мора да даде мандат на Мицкоски

Политика

Уставот на Македонија и собранискиот Деловник ја регулираат постапката во случај на оставка на претседателот на Владата, како во случајов со Зоран Заев. Кога се повлекува премиерот, целата Влада е во оставка, а мандатот се враќа кај претседателот на Републиката.

Во членот 93 од Уставот е наведено дека „Оставката на претседателот на Владата, неговата смрт или трајната спреченост да ја врши функцијата, повлекуваат оставка на Владата. На Владата и престанува мандатот кога Собранието се распушта. Владата на која и е изгласана недоверба, која поднела оставка или на која мандатот и престанал поради распуштање на Собранието, останува на должност до изборот на нова Влада“.

Во член 219 од Деловникот на Собранието, пак, стои дека „Владата, претседателот на Владата или член на Владата можат да поднесат оставка. Оставката на Владата или на претседателот на Владата, се поднесува до претседателот на Собранието во писмена форма и може да се образложи… Оставката на Владата или на претседателот на Владата, претседателот на Собранието веднаш ја доставува до пратениците и до претседателот на Републиката“.

Во член 220 понатаму се вели дека „Собранието на првата наредна седница, без претрес, констатира дека на претседателот на Владата, на Владата или на член на Владата, мандатот им престанува на денот на одржувањето на седницата“.

Јасно е дека мандатот се враќа кај Пендаровски, но на кого следен треба истиот да му се даде, во услови кога СДСМ нема мнозинство пратеници, односно по заминување на пратениците од БЕСА, мнозинство има ВМРО ДПМНЕ.

Во моментов најголема пратеничка група со најголем број на пратеници е онаа која ја предводи ВМРО ДПМНЕ. Доколку Заев поднесе ефективна, а не усна по медиуми оставка, тогаш Пендаровски мандат ќе мора да додели на лидерот на најголемата политичка формација во Парламент, а тоа е Мицкоски.

Одлуката на Заев да не поднесува ефективна оставка е токму во насока ова да се спречи, а тој да се обиде да собери 61 пратеник, со кој на Пендаровски ќе му побара мандат новиот лидер на таа формација. Но состојбата е комплицирана што СДСМ останува исто без лидер, па не се знае кој ќе биде мандатарот.

Прво мора да се избере нов лидер на СДСМ и тоа на непосредни избори, па потоа да се додели мандат на него од страна на Пендаровски. Заев планира усно да назначи негов наследник, во стилот на Сталин, а тоа Пендаровски да го почитува и да даде мандат на некој за кој Заев кажал дека е ОК дечко?!? Скандал до скандал. Дали тоа ќе го направи Пендаровски?

Судејќи по досегашните постапки на претседателот на државата, тоа тешко ќе помине кај него. СДСМ ќе мораат да изберат лидер на партијата, тој да обезбеди стабилност во коалицијата, да собере поддршка од 61 пратеник, па да добие мандат. Тоа во овој момент е невозможно. Друг начин е мандат да се даде на Мицкоски, тој да не успее да собере 61 пратеник, потоа мандатот да се даде на СДСМ и тоа на заменик претседателот Сања Лукаревска.

Сето ова изгледа невозможно, оставката на Заев ќе се одолговлекува повеќе од два месеци, а може и до пролет. Сепак најдобро е да се оди со техничка влада и нови Парламентарни избори во 2022 година. Мандат нека даде народот, а не партиските кујни.