НOBA пopaка од CAД зa oфициjaлнa Coфиja, нo и Bладaта вo Cкoпje

Свет

ЕУ треба да изврши силен притисок врз Софија во однос на приговорите за влез на Македонија во Унијата, заради некакви историски прашања. Администрацијата на Бајден и самата ЕУ, која е најодговорна страна во случајот, да и даде до знаење на Софија дека вакви политички игри не се добредојдени, вели во интервју за дописникот на МИА од САД, професорот Чарлс Купчан, постар соработник во Советот за меѓународни односи во Вашингтон.

Според него, за конечно да се решат недоразбирањата со Софија и Македонија да започне преговори за влез во ЕУ, потребно е Бугарија и останатите влади во регионот силно да се посветат на демократски реформи и борба со корупцијата.

И Бугарија и Македонија треба да завршат огромна работа дома. Да извршат демократски реформи, борба со корупцијата, да се ослободат од економијата на патрони, да го подобрат квалитетот на независните медиуми и многу друго. Бугарија и Македонија, како и другите земји во регионот, треба да го трошат целото свое време и енергија на реформи и привлекување инвестиции за подобување на животите на нивните граѓани. Да се навлегува во спорови за јазикот и историјата е непотребно и контрапродуктивно одвлекување на вниманието, всушност затоа и се употребува таа реторика, вниманието на јавноста да се одвлече од пропустите на власта која не си ја врши работата. Ги охрабрувам сите влади во регионот, вклучително и онаа на Бугарија, да престанат да играат историски и националистички игри, и да започнат со тешката работа за демократски развој и домашни реформи.

Купчан е професор на Универзитет Џорџтаун, и добар познавач на приликите во постсоветскиот и балканскиот регион. Тој беше ангажиран како советник за европски прашања во Националниот совет за безбедност при администрацијата на поранешниот претседател Барак Обама.