ЛАЖНО добро утро од аматерката со насилна имунизација
Лажна имунизација
пишyвa д-p. Aмaтepкaтa, вoнpeдeн пpoфecop нa eдeн фaкyлтeт
Намалување на администрација преку новите мерки!? И повторно истата приказна. Не им доаѓа памет! Ќе малтретираат вработени во администрација со задолжително тестирање на секои три дена, а децата по секоја цена ќе одат во училиште. И повторно на сцена Мила и Филипче. Небулозни мерки без реален ефект.
Секојдневно не информираат дека помеѓу заразените и починатите има и такви кои се прележани или целосно вакцинирани, а мерката предвидува токму тие да бидат „привилегираните’’ кои немора да прават ПЦР-тест! Исклучок од ова правило ќе бидат граѓаните кои со потврда од специјалист ќе докажат дека не може да ја примат вакцината, односно дека боледуваат од ретки имунолошки состојби.
Сите овие потврди ќе ги тумачи назначено одговорно лице – редар кој на влезната врата ќе одлучува на кого ќе овозможи пристап до работното место. Тоа лице не е јасно определено какви квалификации треба да поседува. Со оглед на фактот што ќе треба да прочита дијагнози, потребно е во најмала рака да го познава добро и латинскиот јазик. Секој од нас е свесен дека оваа мерка не само што е неспроведлива, туку и не овозможува никаква заштита.
Намерата е да се зголеми процентот на имунизација и тоа до некаде е во ред, но со воведување на небулозни мерки нема да се постигне никаков ефект. И што ќе правите, ќе ги бркате од работа ако не достават тоа што им барате? Единствено што постигнуваат е зголемен револт кај граѓаните и „каша-попара’’ во институциите и населението. Секоја донесена мерка дополнително предизвикува хаос и контра ефект поради начинот на кој ја спроведуваат.
Се појавија лажни сертификати, лажни потврди, па и лажни ПЦР-тестови. Нели разбравте дека со сила не бидува? Нели ви е јасно дека со ваквиот однос граѓаните ви изразуваат протест на вашето небулозно владеење? Нели ја примивте пораката? Очигледно не. Ниту пораката ве интересира, ниту граѓаните ве интересираат. Ве интересира тоа дека до крајот на ноември, на околу 25 илјади вакцини во земјава им истекува рокот и дел од нив ќе мора да се уништат. А загрижени сте што беа фрлени 20 илјади вакцини на „Фајзер“ донирани од Бугарија. Загрижени сте што ќе немате ниту една вакцина за тие што ќе сакаат да се вакцинираат после тоа.