РАСКИНАА Заев и Шеќеринска, кој ги раздели

Политика

Двоецот Заев и Шеќеринска формиран во далечната 2012 година функционираше успешно, особено на Конгресот на СДСМ во 2013 година, кога успешно го превеслаа и Бранко Црвенковски, наместо неговиот кандидат Зоран Јовановски, за лидер на партијата беше избран Зоран Заев. Тогаш се збореше дека Шеќеринска му дала гол со пета на Бранко, како Амди Бајрам. Таа беше избрана за заменик претседател на СДСМ.

Потоа двоецот Заев – Шеќеринска се впуштија во рушење на режимот на Груевски, преку Шарена Револуција, Пржински договор, 27ми април до конечно прва победа на Локални избори 2017 година.

Љубовта започна да опаѓа кога Шеќеринска не даде целосна поддршка на Прспанскиот договор, особено за време на кампањата за Референдумот 2018 година. Забележливо беше дека таа сака ловоровки за себе, но не и критики за промена на името. Заев беше оставен сам без верната заменичка. Иако Рада успешно се прикриваше со „презафатеност“.

Таа глума постоеше до Парламентарните избори 2020 година, кога Заев понесен од славата на победата, буквално го егзекутираше од Владата тогашниот министер за информатичко општество, миленикот на Шеќеринска, Дамјан Манчевски. По тоа следуваа низа политички егзекуции на следбениците на Рада, а на тоа таа возврати со отстрел на најблискиот човек на Заев, ген секот Драги Рашковски.

Со тоа беше јавно објавена војна помеѓу претседателот и неговиот заменикво СДСМ. Заев веќе ја отстрани Шеќеринска од вицепремиерското место во Владата, со намера целосно да ја егзекутира, преку нејзина прекоманда во дипломатијата. Шеќеринска веќе во целост ги зема за себе заслугите за интеграција на Македонија во НАТО и најчесто забораваше на настанот во Преспа. Заев веќе подготвуваше целосно нејзино развластување и во рамки на партијата.

По спроведување на внатрепартиски избори и промена на статут на СДСМ, на последниот Конгрес 2021 година Шеќеринска беше брутално отстранета од раководството на партијата и заманета со личност како Сања Лукаревска, за која Рада чувствува особен презир. Тоа беше намерен потег на Заев за нејзино целосно понижување пред јавноста и партиските членови.

Состојбата е веќе драматична, особено после одбивањето на Шеќеринска да учествува на Локалните избори 2021 година, кои Заев катастрофално ги изгуби. Аналитичарите тврдат дека токму Рада е личноста која организирала потоп за Заев во Скопје, каде СДСМ изгуби најкатастрофално, иако и за Битола можела да придонесе за победа, но одбила реално да помогне. По тие избори Заев даде оставка на сите функции, а Рада побрза да најави амбиција за преземање на кормилото и на СДСМ и на Владата.

Информациите од кризниот штаб на Заев за префрлање на власта врз ново лице од СДСМ говорат дека Заев се согласува со многумина да бидат негови наследници, но никако со опцијата тоа да биде Радмила Шеќеринска. Неговите блиски соработници од Владата говорат дека тие меѓусебно не комуницираат и дека конечно Заев и Рада раскинаа.

Во текот на утрешниот ден се очекува да биде познат наследникот на Заев, но тоа со сигурност нема да биде Радмила Шеќеринска. Партиските активисти говорат дека е редно и Рада да замине заедно со Заев, вклучително од сите државни функции и да ја напушти политиката.

Повеќе од јасно е дека вината за нивниот политички развод треба да ја бараат во себе, а не кај нивните соработници!